Камила Харис ги откажа патувањата, членови на персоналот позитивни на Ковид-19


Претседателката на кампањата на Џо Бајден денес изјави дека кандидатот за потпретседател Камала Харис ќе ги прекине личните настапи до понеделник, откако две лица поврзани со кампањата беа позитивни на корона вирус. Бајден не бил изложен, иако тој и Харис поминаа неколку часови во кампања заедно во Аризона на 8 октомври. Харис требаше да патува […]

Ѓоковиќ ја обновува силата во „ Долината на пирамиди“ во Босна


БиХ- Тенискиот ас  Новак Ѓоковиќ  го посети босанскиот „Парк на пирамиди“ заради наводната негова исцелителска моќ, 48 часа по неговиот пораз од Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос. Српскиот светски рекет број еден е познат по невообичаени и понекогаш контроверзни духовни погледи и практики во ново време. Новак отпатува во долината на Пирамидите во […]

Вархеји е негативен на Ковид-19, излезе од карантин


Белгија– Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји доби и втор негативен тест на коронавирус, по што излезе од карантин, во кој се наоѓа по посетата на Западен Балкан. – Не сум веќе во самоизолација и ги продолжувам своите активности почитувајќи ги здравствените мерки. Останете безбедни, напиша Вархеји на својот твитер-налог. Тој беше во самоизолација по добиената […]

„Матија го свири Арсен“ вечерва на Скопски џез фестивал


Скопски џез фестивал вечерва продолжува со атрактивна програма. Во 20 часот, во НОБ ќе настапи хрватскиот џез музичар и пијанист од поновата генерација Матија Дедиќ. Негов последен албум е „Influences“, објавен 2019, а на Скопскиот џез фестивал доаѓа со албумот „Матија го свири Арсен“, за кој во 2016 добил дури шест награди „Порин“. „Со оглед […]

Меланија Трамп негативна на Ковид, вели со  „балансирана исхрана, свеж воздух и витамини“


САД– Меланија Трамп закрепна од коронавирус со „балансирана исхрана, свеж воздух и витамини“. Првата дама на Америка вели дека претпочитала „поприроден пат“ отколку со коктел со лекови што ги земал претседателот Трамп за време на неговиот третман за коронавирус. Г-ѓа Трамп рече дека сега имала негативен тест за коронавирус.Таа исто така потврди дека синот на […]

Пост Малоун ја победи Били Ајлиш, триумфираше на американските Билборд награди


САД – Американскиот рапер Остин Ричард Пост, попознат како Пост Малоун освои девет од вкупно 16 номинации за Билборд наградите во САД. Тој ја победи и Били Ајлиш во категоријата Најдобар изведувач на годината, а ги собра и одличијата за рап-албум, рап-изведувач, машки изведувач… – Почестен сум од вашата љубов тука вечерва, изјави тој прифаќајќи ја главната […]

ЕК: Спасот од пандемијата не е во вакцините, туку во вакцинацијата


Белгија – Спасот од пандемијата Ковид-19 не е во вакцините, туку во вакцинацијата. Ова го изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидис, на презентацијата на предлогот на Европската комисија за акција од европските земји за обезбедување вакцина против новата болест. Таа истакна дека главната цел на ЕУ ќе биде да следи дали вакцината, кога ќе […]

За една недела подигнати 249 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје


Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 249 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 30 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 219  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, […]

Од отворањето на градинките досега регистрирани 15 случаи на коронавирус кај деца и 44 кај вработени


Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на коронавирус. Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Според информаците од епидемиолозите децата инфекцијата не ја стекнале туку ја носат од […]

Европа вчера драстично го надмина минатиот „црн петок“ по бројот на заразени


Хрватска– Европа вчера имаше ново најголемо зголемување од дури 134.695 заразени, според податоците на „Ворлдметерс“, по завчерашните 106.379, додека претходно највисок број на новозаразени беше минатиот петок, со  110.051 нови случаи. Азија како втор континентален регион според бројот на новоинфицирани има 103.938 заразени, но поголем број мртви – 1522. И по завчерашните 1117 смртни случаи […]

Лудус со најдобро шоу на Модната недела во Љубљана


Македонската модна етикета Лудус се закити со наградата .„WOW Show“ на Љубљанската модна недела минатиот викенд. Љубљанската модна недела се оддржа овој пат во посебни услови диктирани од пандемијата, а 10-те дена беа полни со дигитални, ревијални и инсталациски презентации на модните дизајнери од Словенија и регионот. Се затвори на 10 октомври со доделување на […]

Светски ден на одржување хигиена на рацете: Задолжително да се мијат често


Подигнување на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции, е пораката на Светскиот ден на одржување хигиена на рацете, што се одбележува денеска под мотото „Хигиена на рацете за сите“. Овој […]

Убаво е чувството кога со европски фондови се заштитува културното наследство, вели Заев на ФБ


Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил ја поздрави реализацијата на прекуграничен проект кој вклучува реконструкција на старо училиште во Пустец во туристички музеј и реконструкција на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола. – Убаво е чувството кога со европски фондови се реализираат ветувањата дадени на Македонците од Пустец. Заштитата на културното наследство е […]

Првата дама Ѓоргиевска: Приказните ја обликуваат нашата фантазија, но и нашите вредносни животни јадра


Приказните ја обликуваат нашата фантазија, но и нашите вредносни животни јадра, а со нивното создавање и споделување секој од нас го креира својот сопствен свет,  го дообликува својот животен пат во зависност  од раскажувачката матрица на приказната. Ова го истакна сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска синоќа во обраќањето на отворањето на второто издание на Меѓународниот […]

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ


Од денеска, 14 октомври, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ќе може да ја посетат втората поставка на изложбата „Скопје одново“, која во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција. Новата поставка на изложбата “Скопје, одново”, обработи нови аспекти и автори од колекцијата, вклучувајќи дела на […]

Шанел најследен на Истанграм, Париз најозборуван град, вели Хеуритех


Франција– Шанел привлече најголемо внимание на Инстаграм за време на модниот месец, според студијата на Хеуритек. Технолошката компанија користеше вештачка интелигенција за да анализира 60.000 објави на Инстаграм помеѓу 12 септември и 6 октомври за својот извештај за сезоната пролет 2021 година, опфаќајќи ги Њујорк, Лондон, Милано и Париз. Според студијата, Шанел собрал 9,6 проценти […]

Берош: Можни се и по 1000 новозаразени дневно во Хрватска


Хрватска– Хрватскиот министер за здравство Вили Берош ја опиша состојбата со коронавирусот во Хрватска како загрижувачка, откако вчера  беа пријавени рекордни 748 новоинфицирани лица и предупреди дека ќе има уште повеќе. – Ситуацијата е загрижувачка, но не е изненадувачка. Околностите во изминатиот месец, како и околностите во Европа и светот, укажуваат на тоа дека бројот […]

Пандемијата предизвикува епидемија на осаменост


За борба против ширењето на коронавирусот, на сите им се препорачува да избегнуваат физички контакти, така што луѓето ширум светот постепено се навикнаа на еден од главните несакани ефекти на социјалното дистанцирање – осаменоста. Научниците сега стравуваат дека присилната изолација раѓа нов вид епидемија, бидејќи многу луѓе кои се принудени на осаменост сега се повеќе […]

СЗО: Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година за вакцинација од Ковид-19


Швајцарија–  Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан, изјави дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против новиот коронавирус. Таа рече дека мнозинството се согласува дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и со нив треба да се утврди кој е со најголем ризик, а потоа на ред […]

Студија: Климатските промени веќе го трансформираат Нов Зеланд


Нов Зеланд- Климатските промени веќе се чувствуваат на Нов Зеланд и ја трансформираат земјата, се наведува во новиот извештај на владините експерти, пренесува ДПА. Извештајот вклучува анализа на податоци за температурата од 30 точки, според кои климата во земјата се затоплува. Мерењата направени помеѓу 1972 и 2019 година покажуваат зголемување на просечната годишна температура на 28 […]