Харви Вајнстин изолиран во затвор со можни симптоми на Ковид-19


САД- Здравствената состојба на, пред скандалот најмоќниот продуцент во Холивуд, Харви Вајнстин (68) не е добра и тој е под постојан лекарски надзор во затворот во кој се наоѓа, изјави претставник на Вајнстин.

„ТМЗ“ објави дека тој е во изолација со висока температура и можно е да има коронавирус.

Неговите претставници рекоа дека не можат ниту да потврдат ниту да негираат дека е позитивен на Ковид-19.

Вајнстин издржува казна затвор од 23 години, откако во февруари беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад.

Тој моментално ја отслужува казната во сојузната држава Њујорк.

Претставник на Вајнстин за новинската агенција ПА потврди дека има треска.