Нови 1.406 случаи на заразени со Ковид-19, 21 починат, оздравени 937

Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се регистрирани 1.406 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.398 тестирања, починале 21 лице, а оздравеле 937 пацинети, информираше вечерва Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи повторно има во главниот град, каде се регистрирани 627 заразени, по што следат Прилеп со 98,  Гостивар, 84, Куманово, 73, Тетово, 72,  Охрид 57, Велес, 55, Битола 51, Кавадарци 40 Штип 37, Кочани 34, Струмица 30, Виница 20, Струга 17, Ресен 13, Гевгелија, Свети Николе и Неготино по 11,  Крива Паланка и Кичево по 10,  Радовиш 9, Крушево и Валандово по 8, Делчево 6, Пробиштип 4, Демир Хисар, Македонски Брод, Берово и Кратово по 2, а Дебар и Пехчево по еден случај,

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 937 оздравени пациенти од: Скопје – 398, Куманово – 50, Дебар – 8, Штип – 21, Прилеп – 28, Тетово – 41, Струга – 18, Велес – 38, Битола – 28, Охрид – 44, Кавадарци – 29, Гостивар – 23, Гевгелија – 12,  Струмица – 59, Крива Паланка – 8, Радовиш – 9, Крушево – 2, Кочани – 19, Пробиштип – 8, Демир Хисар – 6, Пехчево – 1, Берово – 4, Валандово – 9, Виница – 8, Делчево – 17, Кратово – 2, Свети Николе – 15, Кичево – 18, Ресен – 4, Неготино – 10.

Од починатите 21 лице, шест пациенти се од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74), тројца од Штип (84, 70 и 62), тројца од Прилеп (51, 40 и 55), еден пациент од Струга (64), четворица од Битола (77, 77, 79 и 74), еден од Гостивар (72), еден од Радовиш (70), еден од Македонски Брод (66) и еден пациент од Берово (85). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50.015, бројката на оздравени пациенти е 29.583, на починати е 1.397, а бројот на активни случаи изнесува 19.035.

Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 21.984, активни 9.059
• Куманово 3.231, активни 925
• Дебар 420, активни 89
• Штип 2.250, активни 493
• Прилеп 2.325, активни 959
• Тетово 3.295, активни 1024
• Струга 1.146, активни 318
• Велес 1.551, активни 769
• Битола 1.489, активни 738
• Охрид 1.255, активни 536
• Кавадарци 950, активни 414
• Гостивар 1.894, активни 638
• Гевгелија 594, активни 215 (34 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.420, активни 580
• Крива Паланка 355, активни 112
• Радовиш 359, активни 121
• Крушево 82, активни 49
• Кочани 1.068, активни 313
• Пробиштип 300, активни 79
• Демир Хисар 154, активни 63
• Македонски Брод 133, активни 27
• Пехчево 88, активни 26
• Берово 287, активни 68
• Валандово 151, активни 44
• Виница 311, активни 149
• Делчево 363, активни 161 (91 лицае од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 130, активни 72
• Свети Николе 686, активни 200
• Кичево 991, активни 410
• Ресен 365, активни 137
• Неготино 388, активни 247 (36 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Од активните случаи во Скопје најмногу се во Општина Гази Баба 1.323, по што следат Аеродром со 1.318, Карпош со 1.160, Кисела Вода со 1.109, Центар со 1.105. Во Ѓорче Петров има 742 активни случаи, во Чаир 565, Бутел 477, Илинден 226, Шуто Оризари 153, Сарај 129, Чучер Сандево 101, Сопиште 61, Зелениково 60, Студеничани 41.  Од активните има 160 странци, а 184 нераспределени.

Направените 3.398 теста се преку: ИЈЗ-1.194, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-400, Биотек-287, МАНУ -305, Жан Митрев (Филип Втори)-229, Систина со PCR метода -257, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-65, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-51, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -409, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 300.200 тестирања на Ковид -19, информира Министерството за здравство.