Вреди ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Брвеница. Дали и гласачите?
Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на политичката партија Вреди, Билал Касами, даде амбивалентна изјава дали тие ќе го поддржат кандидатот на ДУИ во вториот круг на локалните избори. Според касами, тие и го поддржуваат и не го поддржуваат.
„Јас реков, политички ние како Вреди дадовме наш став дека ќе го поддржиме кандидатот на ДУИ. Но, колку нашите гласачи ќе гласаат за тој кандидат зависи од однесувањето на ДУИ. Однесувањето на ДУИ не е пропорционално на тоа што покажуваат. Тие треба да одат со програма и со кандидат за сите граѓани на Брвеница, а ако изгубат не може да биде тоа кривица на Вреди“, рече Касами.
Тој дополни дека победата или загубата на изборите во недела е одговорност на партиите кои ги имаат кандидатите.