Пипл: Мајкл Б. Џордан е најсекси маж на светот за 2020


САД- Актерот Мајкл Б. Џордан (33)  беше прогласен за најсекси маж на светот за 2020 година, според магазинот „Пипл“, само неколку часа пред да се појави целосно маскиран во популарното ток-шоу „Џими Кимел лајф“.

Мајкл ја презема титулата „Најсекси маж 2020“ која последен пат беше доделена во ноември 2019 година на пејачот Џон Леџенд (41).

Најновото издание на „Пипл“, со фотографија на Мајкл на својата насловна страница, треба да излезе во петок.

Џордан, им се придружи на другите победници на традиционалниот избор во списанието „Пипл“, како што се Идрис Елба, Крис Хемсворт, Чанинг Тејтум и Дејвид Бекам.

Актерот е најпознат по улогите во кои го игра Ерик во „Црниот пантер“ и Адонис од филмот „Крид“.