Српскиот актер Вук Костиќ по вторпат позитивен на коронавирус


Србија– Актерот Вук Костиќ по вторпат заболел од коронавирус, пренесуваат српските медиуми. Костиќ бил позитивен на коронавирус пред неколку месеци, без некои сериозни симптоми, но неодамна повторно се заразил и сега има потешки симптоми, објави „Б92“.

Актерот е на домашно лекување.

„Неодамна доби треска, болки во мускулите и коските и почна да кашла. Отфрли секаква можност дека е заразен со коронавирус, бидејќи веќе го има прележано“, тврди извор близок на актерот, додавајќи дека по совет на лекарот, Вук направил ПЦР-тест, чиј позитивен резултат го изненадил.

„Тој знаеше дека резултатот е точен затоа што немаше симптом што го заобиколи овој пат, вклучително и воспаление на белите дробови“, додал изворот,  пренесува „Блиц“.