Без струја корисници во Центар, Бутел и Карпош


Без електрична енергија денеска од 08.30 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „Христо Смирненски“ од бр. 19 до крајот на улицата кон Бул. „Партизански Одреди“ во општина Центар, како и индустриските објекти на бул. „Босна и Херцеговина“ (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ) во општина Бутел.  […]

Објавена причината за смртта на ќерката (34) на Томи Ли Џонс


Повеќе од еден месец откако беше пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско, објавена е причината за смртта на Викторија Џонс (34), ќерката на познатиот актер Томи Ли Џонс. Таа почина на 1 јануари, а причината за смртта беше наведена како труење со кокаин. Канцеларијата на главниот судски испитувач во Сан Франциско објави во вторник, […]

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква


Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е  прооден, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата […]

Собранието денес ќе ги утврди оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе гласа за нов уставен судија


Собранието денеска ќе ја одржи 85. седница на која се очекува да бидат констатирани оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Цвета Ристовска. На седницата исто така се очекува […]

Обилните снежни врнежи го зголемуваат ризикот од лавини во европските зимски спортски региони


Женева – Ризикот од лавини во европските зимски спортски центри останува висок поради обилните снежни врнежи, соопштија властите во Швајцарија, Австрија, Франција и Германија. Кантонот Вале во Швајцарија вчера прогласи највисоко ниво на предупредување за лавини – Ниво 5, додека во целиот алпски регион во сила остана Нивото 4, извести Институтот за истражување на снег […]

Роберто Росети, шефот на судии на УЕФА гостин на ФФМ


Во организација на Фудбалска федерација на Македонија, во четврток во Скопје ќе се одржи свеченото доделување на ФИФА значките за македонските интернационални судии за 2026 година. Настанот ќе го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, на чија покана во Скопје ќе престојува и шефот на судии на УЕФА, Роберто Росети. Росети, кој воедно е и […]

Скопско Драчево доби кино


Скопската населба Драчево, која е во рамки на општината Кисела Вода чиј градоначалник е Бети Стаменкоска Трајкоска, по две децении, доби свое кино. Отворањето беше синоќа, на пригодна свеченост. Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања. Покрај Кисела Вода, […]

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 18 февруари 2026 година, 49-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  316 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 26 минути, а ќе зајде во 17 часот и 10 минути. Денов трае 10 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител


Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава! – објави пред малку на ФБ екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.  Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата […]

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март во МНТ со македонска музика и нови актерски имиња


„Глумците пеат“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, во 20часот. Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети […]

Должни сме да се зафатиме со подлабоко проучување на делото на Георги Сталев Поповски


Георги Сталев Поповски остави белег во сите области на книжевноста – во прозата, поезијата и книжевната критика. Ние сме должни што поскоро да се зафатиме со подлабоко проучување на неговото дело, а Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) да организираат симпозиум на кој достојно ќе бидат проследени неговите […]

Шведска нуди приватни острови за користење, на милијардерите им е забрането да се пријават


Шведскиот туристички одбор започна необична кампања во која нуди можност за освојување на еден од петте приватни острови за користење. Целта на иницијативата е да се сподели „многу шведска перспектива за слободата и одговорноста во природата“, а на милијардерите им е изрично забрането да аплицираат, бидејќи луксузот треба да се дефинира преку мир и едноставност, […]

Јапонска ноќ на Берлинале  – во фокус млади режисери и продуценти


Берлин – Јапонија пристигна на годинешното Берлинале со девет филмови во селекција и ветерот зад себе – „Demon Slayer“ и „Chainsaw Man“ сè уште свежи во книгите со рекорди на бокс-офисот, почестите во Кан се на повидок. Но, на Јапонската ноќ во понеделник, разговорот не беше за минатите успеси или етаблираните автори. Стануваше збор за […]

Изгаснат пожарот во театарот Санаѕаро во Неапол, четири лица се повредени, а 60 се евакуирани


Неапол– Изгаснат е пожарот, кој избувна денес во центарот на Неапол, зафаќајќи го театарот Санаѕаро, при што четири лица вдишаа чад, соопшти противпожарната служба. Најмалку 60 лица се евакуирани, куполата на театарот се урна, пламените јазици ги оштетија и соседните згради, а како што се наведува, пожарот најверојатно е предизвикан од краток спој, пренесува весникот […]

Монархијата на испит: Скандали го потресуваат норвешкиот престол


Осло – Норвешката монархија, која со децении уживаше стабилна јавна поддршка и имиџ на институција над политичките и личните работи, се најде во средината на својата најсериозна криза досега. Јавноста е фокусирана на крунската принцеза Мете-Марит и нејзиниот син Мариус Борг Хејби, чии имиња се поврзуваат со два одделни, но подеднакво сериозни скандали за угледот […]

Прво затемнување на сонцето во годината


Вашингтон – Првото затемнување на сонцето во годината ќе биде видливо во некои делови од светот денес. Затемнувањето ќе биде видливо само за околу 2 проценти од светската популација, главно на Антарктикот, делови од Африка и Јужна Америка, соопштија астрономите, објави CNN. Таканареченото „прстенесто“ затемнување на сонцето се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и […]

Џеси Џексон, лидерот за граѓански права во САД, почина на 84 години


  Пречесниот Џеси Џексон, штитеник на Мартин Лутер Кинг и двократен претседателски кандидат кој го водеше Движењето за граѓански права со децении по атентатот на почитуваниот лидер, почина во вторникот. Имаше 84 години. Како млад организатор во Чикаго, Џексон беше повикан да се сретне со Кинг во мотелот „Лорејн“ во Мемфис, Тенеси, кратко пред да […]

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка


Скијач од Данска, кој бил повреден од лавина, бил извлечен и спасен вчера на Попова Шапка, соопшти МВР.  – На 16.2.2026, во 14.50 часот. во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото наречено Церипашина, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16.10 часот го пронашла лицето Ф. […]

Актери со најмногу номинации, но без ниеден Оскар


Општо познат факт е дека не секој актер номиниран за Оскар може да однесе дома златна статуетка, а актерите на листата подолу не се исклучок. Она што ги издвојува овие талентирани поединци, сепак, е тоа што тие се најмногу номинирани актери во историјата на Академијата кои никогаш не освоиле награда во која било категорија за […]