Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас


Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно се причина за повеќе од половина од смртните случаи во ЕУ и се движи од 52 проценти во Франција до 82 отсто во Бугарија. По овие две болести, трета најчеста причина за смрт во најголем број земји од ЕУ се болестите на респираторниот систем, покажуваат податоците на Евростат. …

Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас Read More »

Континуиран интерес за купување станови, очекувања за намалување на цената нема


Интересот за купување станови кај граѓаните е континуиран. Пад на продажбата на становите не е забележан ниту за време на коронакризата, а цената на становите е диктирана од квалитетот на градбата и таа не се очекува да се намали.   Податоците на Народната банка покажуваат дека во јуни се одобрени станбени кредити на физички лица …

Континуиран интерес за купување станови, очекувања за намалување на цената нема Read More »

Сообраќајот по влажни коловози, АМСМ препорачува внимателно возење


Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата. Посебно се препорачува внимателно возење низ клисурите каде има можност од појава на одрони и тоа на делниците Катланово – Велес, …

Сообраќајот по влажни коловози, АМСМ препорачува внимателно возење Read More »

Течат роковите за нова влада, партиите преговараат, но не соопштуваат детали


Течат роковите за формирање ново парламентарно мнозинтво и нова влада, поради што со засилено темпо се одвиваат преговорите меѓу политичките партии кои освоија пратенички места. Сите тврдат дека разговараат, но никој засега не изнесува детали за текот на преговорите и за тоа дали има евентуален напредок. СДСМ вчера повтори дека води сериозни преговори за формирање …

Течат роковите за нова влада, партиите преговараат, но не соопштуваат детали Read More »

Зголемен бројот на новозаразени, вакцините против грип дел од стратегијата за справување со Кoвид-19  


Нови 200 случаи на Ковид-19, 15 оздравени и четири починати лица, е билансот што го регистрира вчера Министерството за здравство. Според податоците, по Скопје, најголем број новозаразени има во Штип, Куманово, Гостивар, Тетово и Велес. Министерот за здравство, Венко Филипче најави зголемување на бројот на бесплатните сезонски вакцини против грип како дел од стратегијата за …

Зголемен бројот на новозаразени, вакцините против грип дел од стратегијата за справување со Кoвид-19   Read More »

Променливо облачно, со локален дожд, грмежи и засилен ветер


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 22 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската …

Променливо облачно, со локален дожд, грмежи и засилен ветер Read More »

Во Скопје на улиците се снимаше „Бал на вода“ (галерија)


Август деновиве во Скопје наликува на октомври со обилните дождови и промените на климата. Од сонце, дожд, по дожд сонце, ама никој не се пофали на социјалните мрежи дека видел на небото виножито. Така е кај нас, се е црно бело, тешко да се види животот низ нијанси. Дождот за природата е благодет, а за …

Во Скопје на улиците се снимаше „Бал на вода“ (галерија) Read More »

Скопје, Тетово и Штип со најмногу заразени


Скопје, Тетово и Штип се градовите во Македонија кои досега имаат најмногу заразени од Ковид-19. Најмалку има во Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Скопје 5116, активни 1305 Тетово 1093, активни 208 Штип 944, активни 392 Во последните 24 часа, како што соопшти Министерството за здравство , …

Скопје, Тетово и Штип со најмногу заразени Read More »

Модна недела, Мет Гала и Оскари: Бијонсе е модна кралица во „Black is King“


САД– Модата од Модните недели, од црвените килими на Мет Гала и на Оскарите ја раскажа поп-ѕвездата Бијонсе во 90 минути во толку рекламираниот нов визуелен албум „Black is King“  со помош на костимографката Зерина Акерс и со стотици статисти. После петмесечен моден глад – откажани ревии, одложени филмски премиери и виртуелни филмски фестивали предизвикани …

Модна недела, Мет Гала и Оскари: Бијонсе е модна кралица во „Black is King“ Read More »

УХМР: Не постои опасност од излевање на поголемите реки заради поројниот дожд


Викендов повторно се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град. Како што информираат од УХМР, ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал. …

УХМР: Не постои опасност од излевање на поголемите реки заради поројниот дожд Read More »

Почина Лоренцо Сорија, претседател на Здружението кој ги избира добитниците на Златен глобус


САД– Лоренцо Сорија, претседател на Здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд (ХФПА) кое ги избира добитниците на  „Златен глобус“, почина вчера во неговиот дом во Лос Анџелес, според член на неговото семејство. Тој имаше 68 години. Причината за смртта не беше откриена. „Неговото заминување е длабока загуба за нас и за сите што го …

Почина Лоренцо Сорија, претседател на Здружението кој ги избира добитниците на Златен глобус Read More »

Трамп верува дека Епстајн можеби е убиен, а на Максвел и посака се најдобро


САД– Доналд Трамп изрази сомнеж дека финансиерот Џефри Епстајн можеби е убиен и ѝ ги испрати своите најдобри желби до неговата соработничка Џулијан Максвел, која е во затвор и чека судење за обвиненија за трговија со малолетни лица. Претседателот Трамп, кој призна дека се сретнал со г-ѓа Максвел (58) во Палм Бич, Флорида – каде …

Трамп верува дека Епстајн можеби е убиен, а на Максвел и посака се најдобро Read More »

Бебе во „водена обвивка“ се роди на ГАК


Бебе во „водена обвивка“ се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен – раѓање во амнионска обвивка, што се случува еднаш во 80 илјади породувања. Како што информира денеска Министерството за здравство, бебето родено во „водена обвивка“ дојде на свет со помош на д-р …

Бебе во „водена обвивка“ се роди на ГАК Read More »

Роналдо подобри рекорд стар 94 години


Италија– Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна два гола против Лион во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, но неговиот тим не успеа да напредува во следната фаза на турнирот. Португалецот ја заврши сезоната со вкупно 36 гола на сите турнири и го подобри рекордот на Ференц Хирцер. Пред 94 години, Унгарцот постигна …

Роналдо подобри рекорд стар 94 години Read More »

Домот на Пит и Анистон на Беверли Хилс продаден за 32 милиони долари


САД-Домот на Беверли Хилс каде што живееја актерите Бред Пит и Џенифер Анистон за време на нивниот брак, се продаде за 32,5 милиони долари. Ѕвезден пример за стилот на Тудор, домот од 12.000 квадратни метри излезе на продажба минатата година за 56 милиони американски долари и беше наведен за 44,5 милиони долари во март пред …

Домот на Пит и Анистон на Беверли Хилс продаден за 32 милиони долари Read More »

Повеќе од 60 лица се уште се водат како исчезнати во Бејрут по експлозијата


Либан–  Повеќе од 60 лица се уште се водат како исчезнати во Бејрут, четири дена по експлозијата во пристаништето, во која загинаа повеќе од 150 лица, изјави денеска портпаролот на либанското Министерство за здравство. Тој прецизираше дека имало 154 смртни случаи, а идентитетот на 25 од нив се уште не е утврден. Според податоците од …

Повеќе од 60 лица се уште се водат како исчезнати во Бејрут по експлозијата Read More »

Јужна Америка – дел од светот најтешко погоден од Ковид-19


Бразил– Епидемијата на Ковид-19 продолжува да се шири низ целиот свет, а Јужна Америка и Карибите поминаа најлошо, бидејќи бројот на смртни случаи вчера во регионот го надмина вкупниот број на жртви од инфекција со коронавирус во Европа. Пандемијата однесе повеќе од 715.000 животи, заразувајќи над 19 милиони луѓе на планетата откако канцеларијата на Светската здравствена …

Јужна Америка – дел од светот најтешко погоден од Ковид-19 Read More »

Туристичките работници повторно на протест ако не се укине одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите


Туристичкиот сектор, еден од најпогодените од пандемијата со Ковид-19, најавува нови дејствувања и протести ширум државата, со комплетна блокада на патиштата, доколку под итно не се преземат мерки за помош. Бараат најдоцна до 15 август да се промени одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во …

Туристичките работници повторно на протест ако не се укине одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите Read More »

Денес последно збогум на Исидора Бјелица: Кога ќе заминам организирајте забава во бело, не сум јас за тага


Србија– Писателката Исидора Бјелица, која почина во средата на 52-годишна возраст, ќе биде погребана денес во 16 часот во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград. Комеморацијата на Бјелица ќе се одржи во 12 часот во малата сала на Сава центарот во Белград. Исидора почина во Белград по долга и тешка болест. Многубројни …

Денес последно збогум на Исидора Бјелица: Кога ќе заминам организирајте забава во бело, не сум јас за тага Read More »

Научници: Во САД до 1 декември се можни 300.000 жртви на Ковид-19


САД – Речиси 300.000 Американци би можеле да умрат од Ковид-19 до 1 декември, според здравствените експерти на Универзитетот во Вашингтон, иако проценуваат дека може да се спасат 70.000 животи ако луѓето ги следат прописите за носење маски. „Во САД ние гледаме воз на ужаси. Се чини дека луѓето носат маски и се оддалечуваат социјално почесто, …

Научници: Во САД до 1 декември се можни 300.000 жртви на Ковид-19 Read More »