Модна недела, Мет Гала и Оскари: Бијонсе е модна кралица во „Black is King“


САД– Модата од Модните недели, од црвените килими на Мет Гала и на Оскарите ја раскажа поп-ѕвездата Бијонсе во 90 минути во толку рекламираниот нов визуелен албум „Black is King“  со помош на костимографката Зерина Акерс и со стотици статисти.

После петмесечен моден глад – откажани ревии, одложени филмски премиери и виртуелни филмски фестивали предизвикани од пандемијата – Бијонсе, направи  визуелен празник. Костимите беа парада на висока мода, гламур, кич, екстраваганција и смели бои.

Би ги споменале бодито со леопардов принт на Валентино додека пее на хаубата на Ролс-ројс, две креации на Рикардо Тиши за Барбери, дизајн на месечев мотив на Марин Сере кој го нарекуваат новиот Гучи. Изгледот беше запаметен откако Адел објави фотографија од себе на Инстаграм облечена во слично парче полумесечина од Сеер и гестикулирајќи кон кралицата на екранот. (Постот на Адел гласи: „Ѝ благодарам на кралицата што секогаш нè прави сите да се чувствуваме толку сакани преку вашата уметност), облека на Мери Катранзу и на Ердем.