Сообраќајот по влажни коловози, АМСМ препорачува внимателно возење

Фото: Б. Грданоски

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата.

Посебно се препорачува внимателно возење низ клисурите каде има можност од појава на одрони и тоа на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според АМСМ, на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На регионалниот патен правец Р2431 Штип – село Аргулица – Плачковица (детско одморалиште), на делот од кракот за село Прналија, 500 метри после аеродромот кон викенд населбата (28050км.), сообраќајот е во прекин поради оштетување на патот во должина од 50 метри На местото е поставена вертикална сигнализација.