Научници: Во САД до 1 декември се можни 300.000 жртви на Ковид-19

Во државите со зголемен број случаи се зголемува и бројот на починатите

САД – Речиси 300.000 Американци би можеле да умрат од Ковид-19 до 1 декември, според здравствените експерти на Универзитетот во Вашингтон, иако проценуваат дека може да се спасат 70.000 животи ако луѓето ги следат прописите за носење маски.

„Во САД ние гледаме воз на ужаси. Се чини дека луѓето носат маски и се оддалечуваат социјално почесто, додека инфекциите се зголемуваат, а откако инфекциите се спуштаат, луѓето се смируваат и застануваат, изјави д-р Кристофер Мареј, директор на ИХМЕ, објавувајќи ја најновата прогноза на универзитетот.

Официјалните смртни случаи во САД се над 159.000, а 4,8 милиони се заразени.

IHME соопшти дека инфекциите опаѓаат во поранешните епицентри – Аризона, Калифорнија, Флорида и Тексас, но раст има во Колорадо, Ајдахо, Канзас, Кентаки, Мисисипи, Мисури, Охајо, Оклахома, Орегон и Вирџинија.