Ќе нема струја со часови на неколку улици во Општина Карпош


Поради планирани технички интервенции во електросистемот, денес (5-ти март) на неколку локации во Општина Карпош ќе има прекини во снабдувањето со Струја, кои ќе траат повеќе часови. Според информациите од РЦУК Скопје, без струја ќе останат: Општина Карпош: Корисниците на ул. Дрезденска бр. 5 и ул. Панче Пешев во периодот од 09:00 до 13:00 часот. […]

„Тела за еднократна употреба“ – видеоинсталација на словенечката уметница Лара Рајхман


Во студиото „Приватен принт“ во Скопје вечер во 19 часот ќе биде отворена видеоинсталација „Тела за еднократна употреба“ на словенечката уметница Лара Рајхман. Поставката, која ќе биде отворена до 26 март, ќе биде проследена со уметнички разговор меѓу Лара Рајхман и Тиа Чичек, кураторка и истражувачка од Љубљана. „Тела за еднократна употреба“ ги преплетува историските […]

Голем осмомартовски базар „За таа што ти е сè“ во Скопје Сити мол


Во пресрет на Денот на жената, од денеска до 8 март на приземјето во Скопје Сити мол ќе се одржи голем осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“. На настанот ќе учествуваат повеќе од дваесет домашни брендови и креативци, меѓу кои: Solar creations, СОС Детско село, Coral Jewelry, LaSoy & LA CHA, […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16 март минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, […]

Еурофарм Пелистер и ПСЖ еднакви во ракометен спектакл 34:34


Македонскиот и францускиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер и ПСЖ синоќа во Битола приредија спектакл со подеднаков влог кој резултираше со поделба на бодовите. Во натпревар без калкулации, дуелот заврши нерешено 34:34, иако со повеќе спортска среќа битолчани можеа да слават во последниот настап од лигата на шампионите во оваа сезона. Гостите од Париз беа поснаодливи […]

Претежно облачно со слаб локален дожд


 Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 5 март 2026 година, 64-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  301 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 3 минути, а ќе зајде во 17 часот и 28 минути. Денов трае 11 часа и 25 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

САД ветуваат целосна поддршка на Турција по иранските ракетни напади


Вашингтон– Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска разговараше со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и вети целосна поддршка од Вашингтон по ракетните напади на Иран, соопшти Стејт департментот. Разговорите се одржаа еден ден откако членовите на американскиот Сенат и Претставничкиот дом добија доверливи брифинзи за ситуацијата во Иран. Според соопштението на Стејт […]

Се воведува дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести


Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести. -Меѓу позначајните новини кои се опфатени со овие законски измени е дополнувањето на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување, како и унифицирање на начинот на […]

Шарлиз Терон го украде вниманието на ревијата на Диор во Париз


Париз – Оскаровката Шарлиз Терон, која работи со Диор повеќе од 20 години, ги привлече погледите на нивната ревија што се одржа вчера во рамките на Неделата на модата во Париз. Облечена во црно од глава до пети, таа се појави во комбинација што вклучуваше микро мини здолниште, чорапи до бутови, наметка и очила за […]

Војната во Иран предизвика пад на акциите на авиокомпаниите


Лондон – Војната во Иран предизвика пад на акциите на авиокомпаниите, со десетици милијарди долари избришани од пазарот, што претставува најголема криза во глобалниот воздушен сообраќај од пандемијата на коронавирусот. Акциите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денес паднаа за 0,8 проценти, додека австралиската „Квантас“ ослабе за 2,7 проценти, при што двете компании изгубија повеќе од 10 […]

Рекордни 3,1 милијарди ноќевања на туристи во ЕУ во 2025, Шпанија води


Во Европската Унија минатата година, речиси 3,1 милијарди ноќевања беа регистрирани во туристички сместувачки капацитети низ земјите-членки на блокот, објави денес Евростат. Заводот за статистика на ЕУ наведува дека овој број претставува зголемување од 2,2 проценти, или 66,4 милиони ноќевања повеќе отколку пред една година. Така, 2025 година беше уште една рекордна година за туризмот […]

Лансирана е веб-страница која повикува на мобилизација на Барон Трамп за војната во Иран


Поранешниот сценарист и писател на американската анимирана серија „Саут Парк“, Тоби Мортон, ја лансираше сатиричната страница „DraftBarronTrump.com“, која повикува најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, деветнаесетгодишниот Барон Трамп, да биде испратен во војната во Иран, по американско-израелските воздушни напади врз Исламската Република. Мортон, комичар познат по купувањето интернет домени и креирањето сатирични страници насочени […]

Се нормализира животот во Дубаи, онлајн часови и работа од дома 


Дубаи – По првичното изненадување и тревога поради беспилотните летала што влегоа во воздушниот простор на Дубаи, предизвикувајќи пожар во еден од познатите луксузни хотели и привремено затворање на аеродромот, животот во туристичката мека на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) брзо се врати во нормала. Како што раскажа во интервју за „Политика“ српски граѓанин, кој живее […]

Шведски авиони летаат над Исланд за прв пат: Историска мисија во рамките на НАТО


Шведски борбени авиони патролираат на небото над Исланд за прв пат како дел од мисијата на НАТО „Arctic Watch“, зајакнувајќи го надзорот на воздушниот простор на северна Европа. Шведска испрати шест борбени авиони JAS 39 Gripen, произведени од Sab, во мисија за зајакнување на надзорот на воздушниот простор на северна Европа, објавува Ројтерс. Мисијата има […]

Академски портрет на Плевнеш во Софија


Во периодот од 28 февруари до 2 март, во Софија се одржа академски портрет на Јордан Плевнеш, писател со меѓународно реноме и претседател на универзитетот Еуропа Прима. Гостувањето на Плевнеш започна со учество во најпопуларната емисија на Бугарската Национална Телевизија БНТ, Панорама, кое предизвика широки реакции бидејќи, тој зборуваше на тема „Балканот како поле на Цивилизација […]

Сицилија погодена од серија земјотреси, но без поголеми штети


Неколку земјотреси го погодија подрачјето околу вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија. Најсилниот бил 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија. Првичните извештаи велат дека немало поголеми штети, но неколку училишта биле затворени како мерка на претпазливост. Етна и градот Катанија Етна е најголемиот активен вулкан во Европа, […]

САД во иранските напади изгубија воена опрема вредна речиси две милијарди долари


Вашингтон – САД изгубија воена опрема во вредност од речиси две милијарди долари во нападите врз Иран на 28 февруари, покажаа денеска проценките на Анадолија врз основа на достапните податоци, додека цел на напади беа радарски системи, авиони и бази низ Блискиот Исток, како и некои американски дипломатски претставништва. Најголемата поединечна загуба е системот за рано предупредување […]

Бил Гејтс и уште шест лица, повикани да сведочат пред Претставничкиот дом за Епштајн


Вашингтон – Одборот за надзор и владини реформи на американскиот Претставнички дом повика седум лица да сведочат како дел од истрагата за врските со покојниот, осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, меѓу кои и коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Претседателот на Одборот, Џејмс Комер истакна дека верува оти повиканите лица имаат информации релевантни за истрагата, што […]

Погребната церемонија за ајатолахот Хамнеи е одложена поради огромна посетеност


Техеран -Погребната церемонија за убиениот ирански врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, која требаше да започне вечерва во Техеран и да трае три дена, е одложена поради, како што се наведува, невидено голема посетеност на граѓани. Претседателот на Советот за координација на исламската пропаганда на покраината Техеран, Хоџатолеслам Сејед Мохсен Махмуди, објави дека церемонијата била планирана […]