Европското обвинителство бара одземање на имунитетот на 11 грчки пратеници за скандалот со земјоделските субвенции


Атина – Укинување на имунитетот на 11 актуелни пратеници во рамките на истрагата за можна организирана измама поврзана со земјоделски субвенции, побарала европската обвинителка од грчкиот Парламент, а под истрага се и пет поранешни пратеници, соопштија од Европското јавно обвинителство (ЕППО), јави дописничката на МИА од Атина. Барањето за одземање на имунитетот на пратениците се […]

Свечено отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто


Свечено беше отворен денес реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто, културен објект во рамките на Општина Гази Баба. „Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на обновена енергија и на засилена грижа за културниот живот“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешното […]

Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата


Анкара – Централната банка на Турција продала вкупно 44,3 милијарди долари од своите девизни резерви од почетокот на војната на Блискиот Исток, со цел да ја стабилизира турската лира во услови на зголемена пазарна нестабилност, покажуваат податоци на банката за периодот од 28 февруари до 30 март, пренесува порталот „Туркије тудеј“. Гувернерот на банката Фатих Карахан […]

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час


Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни, поточно ќе наврнат и над 20 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините […]

Тејлор Свифт го објави музичкото видео за „Елизабет Тејлор“ со филмски снимки од легендата


Лос Анџелес – Тејлор Свифт објави музичко видео за „Елизабет Тејлор“ во вторник наутро, додавајќи визуелни елементи во својот поздрав кон една од најпрепознатливите и најживописните филмски ѕвезди на 20 век. За разлика од висококонцептуалните продукции како нејзиното неодамнешно видео за „Опалит“, Свифт не се вклучи во видеото за „Елизабет Тејлор“, туку состави видео запис […]

Идентитетот на новиот Џејмс Бонд е откриен. Дали е априлска шега?


По години непрестајни гласини, веста конечно се појави… Сега го знаеме идентитетот на актерот што ќе го игра следниот Џејмс Бонд. Се шпекулираше дека Арон Тејлор-Џонсон, Том Холанд, Харис Дикинсон, Скот Роуз-Марш и Калум Тарнер се кандидати за следниот супершпион, а неодамнешните извештаи сугерираа дека 28-годишниот австралиски актер Џејкоб Елорди е моменталниот фаворит за улогата […]

Archaeology Magazine објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија


Archaeology Magazine, едно од најчитаните во светот во областа на археологијата, објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. Центарот за истражување на предисторијата соопшти дека вклучување македонски артефакти во списанието е врвна афирмација за нашето културно наследство. – Во најновиот број на Archaeology Magazine е објавен напис за древните модели на куќи во […]

И историјата на облеката е важна, вели Зорка Тодорова-Младеновиќ


Зад гламурот на модата, стои историја. Сѐ што и да се дизајнира денес како мода, по некое време станува дел од историјата, историскиот развој, односно станува дел од костимографијата. Значи, костимографијата ја изучува историјата на модата, а модниот дизајн ни претставува облека што се препорачува да се носи веднаш по нејзиното појавување.  Ова е вовед […]

„Црна лисица“ – нов том од избраните дела на Блаже Миневски


По повод 65-годишнината од раѓањето на прозаистот и драмски автор Блаже Миневски но и по повод над 40 години од почетоците на неговото творештво, „Матица македонска“ објави нов том од избраните дела на Миневски – романот „Црна лисица“.  Со ова издание“, издавачката куќа го чествува и својот јубилеј, 35-годишнината од основањето.  Романот „Црна лисица“ е седми […]

Разговор со Дејан Дуковски, автор во фокус на МТФ „Војдан Чернодрински“ , на ФДУ


Во рамките на програмата „Автор во фокус“, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и Факултетот за драмски уметности – Скопје ,утревечер, (среда) во 20 часот на сцената на ФДУ, организираат разговор со Дејан Дуковски, еден од најзначајните современи македонски драмски автори и воедно еден од најизведуваните на театарската сцена во Европа и светот. Разговорот […]

Од Мексико стартуваше светската прес-турнеја на „Ѓаволот носи Прада 2“


Ен Хатавеј повторно е во чевлите на Енди Сакс. Актерката и нејзината колешка Мерил Стрип ја започнуваат својата светска прес-турнеја „Ѓаволот носи Прада 2“, која започна во понеделник во Мексико Сити, Мексико. За почеток, Хатавеј се одлучи за чизми до бутовите и чевли „Скијапарели“, а потоа и со софистацирани салонки. Обожавателите на оригиналниот филм од […]

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026


Монтереј – Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција […]

Без струја неколку улици во Кисела Вода


ЕВН Македонија АД известува дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жителите од неколку улици во Кисела Вода.  Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците: Есенинова бр.8, Борис Трајковски бр.1 , дел од влез 1, и ул. Жил Верн бр.12.

Лагард: Последиците од војната со Иран ќе бидат долготрајни


Франкфурт – Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, го критикуваше тврдењето на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, дека економските последици од војната со Иран би биле краткотрајни, јави Блумберг, повикувајќи се на извори. Таа за време на видео-повик зад затворени врати со гувернерите на централните банки, министрите за финансии и министрите за енергетика […]

Провејува снег во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-с.Лисец. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. […]

На сила новите мерки за цените на горивата на бензинските станици во Германија


Берлин –  Германија од денеска на сила е новата регулатива за формирањето на цените на горивата на бензинските станици, по остриот раст на цените по почетокот на кризата на Блискиот Исток. Според новите правила, бензинските станици смеат да ги зголемат цените само еднаш дневно, и тоа напладне. Целта е да се ограничат ценовните флуктуации и […]

Први април – Ден на шегата: Скопје во знакот на хуморот, маските и карикатурата


Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги. Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на […]

Руски воен авион падна над Крим, загинаа 29 лица


Москва – Москва соопшти дека 29 лица загинале кога руски воен авион се урна над црноморскиот полуостров Крим, кој е анектиран од Русија, пренесе ДПА. Тим за пребарување и спасување го пронашол местото на несреќата и известил за шест загинати членови на екипажот и 23 патници, јавија државните новински агенции, цитирајќи го руското Министерство за […]

Универзитетски саем „Study in Greece“ во Скопје


 Амбасадата на Грција, во соработка со NOVA International School Скопје, денеска ќе организира универзитетскиот саем „Study in Greece“, на кој ќе бидат претставени академските можности што ги нудат грчките државни универзитети за меѓународни студенти. На саемот ќе учествува платформата Study in Greece, заедно со претставници од пет водечки грчки државни универзитети, кои ќе презентираат програми […]

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе одржат предавање на Правниот факултет при УКИМ


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, кој од престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претседателката Сиљановска Давкова вчера го пречека Милатовиќ со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“, […]