На 30 април во Скопје ќе се одржи „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ — VOL.10“


 Националниот џез оркестар годинава по десетти пат во Скопје го организира фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“, по повод Меѓународниот ден на џезот.

Главната програма е закажана за 30 април во паркот „Ибни Пајко“, со настапи на домашни и странски изведувачи – PEACH VICE (МК), NEXT TO SILENCE (МК), ARNAU GARROFÉ: “FRANTIK ZEN” (ES/BG), JACO LIVES! – Национален џез оркестар & Dane Alderson (MK/USA), диригент: Sigi Feigl (AT), како и ЛЕБ И СОЛ (МК).

Во рамки на фестивалот претходниот ден, на 29 април ќе се одржи и едукативната програма за деца: JAZZ FOR KIDS во паркот „Фредерик Шопен“.

Работилницата се реализира во соработка со Општина Кисела Вода и е наменета за деца и ученици кои преку игра, импровизација и музика ќе се запознаат со светот на џезот.

Меѓународниот ден на џезот е прогласен од UNESCO во 2011 година, по иницијатива на Херби Хенкок, и се одбележува во повеќе од 190 земји.

Настанот е поддржан од Халкбанк АД Скопје и СКОПСКО. Во случај на неповолни временски услови, концертите на 30 април ќе се одржат во салата на Македонската филхармонија. Влезот е слободен.