Шекспир на украински начин: „Кротењето на опаката“ ја отвора интернационалната драмска програма на „Охридско лето“


  Киевскиот академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“ со Шекспировата „Кротењето на опаката“ вечер ќе настапи на „Охридско лето“ во рамки на драмскиот дел од фестивалската програма. Режијата е на Викторија Шевченко. Дел од актерската екипа денеска на прес-конференција изнесоа детали за претставата, но и начинот на работа во услови на војна. Раководителот […]

Албанија и Шпанија со заеднички групи за истрага на организираниот криминал


    Албанија – Албанија и Шпанија потпишаа  договор за формирање заеднички групи за истрага во областа на борбата против меѓународниот организиран криминал, со помош на инструменти на полициско разузнавање и истрага.  Документот го потпишаа министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледи Чучи и шпанскиот амбасадор Алваро Ренедо Залба, во присуство на премиерите на двете земји, Еди […]

Бредли Купер и Хума Абедин се создадени еден за друг, тврди астролог


  САД- Бредли Купер и Хума Абедин  се двојка во фокусот на јавноста. Според Page Six, актерот и режисерот на A Star Is Born и долгогодишната помошничка на Хилари Клинтон се во врска веќе неколку месеци. И Бредли и Хума присуствуваа на Мет Гала 2022 година во Њујорк во мај. А извор изјави за Page […]

Втора свадба на Борис Џонсон и Кери – славеа со семејството и пријателите во природа


  Англија– Повеќе од една година по нивната тајна свадбена церемонија, британскиот премиер во оставка Борис Џонсон (58) и неговата сопруга Кери (34) организираа втора прослава со своите пријатели и семејството. Забавата се одржа во Дејлсфорд Хаус во Котсволдс, имот од 1.500 хектари со луксузна селска куќа  , оранжерија, овоштарник во облик на срце, тајна […]

Комерцијална банка со нови цени на услугите: Еве колку ќе ве чинат трансакциите преку шалтер


Почнувајќи од денес, 01.08.2022, Банката ќе изврши измена на следните надоместоци за трансакции кои се вршат преку шалтерите: Уплати во готово од физички лица во корист на сметки во други банки и во корист на сметки на физички и правни лица во Банката и плаќање на сметки за режиски трошоци Налог од 0,00 – 5.000,00 […]

До крајот на неделава сончево и топло до 39 степени


  Следува период на претежно стабилно и топло време со постепен пораст на дневните температури, соопшти УХМР. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Минималните температури до крајот на неделава ќе бидат во интервал од 10 до 23 степени, а максималните дневни од 30 до 39 степени.

Дизелот поскапува за 1,5 денар, цените на бензините остануваат исти


  Од ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за 1,5 денар и ќе чини  95,5 денари, а цените на бензините остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Според РКЕ, за 0,5 денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, додека мазутот поскапува за 0,503 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе […]

Џеј Ло ја има најпосакуваната чанта – „Пикник Кели“ на Хермес ја „прошета“ во Париз


  Франција– На последниот ден од нејзиниот париски меден месец, семеен одмор со Бен Афлек и нивните деца, Џенифер Лопез излезе од Хотел де Кријон не со својот нов сопруг под раката, туку со нешто што изгледаше како ново купување во Хермес: многу редок, многу посакуваниот модел „Пикник Кели“  од 35 см.  И иако таа […]

КФОР е подготвен да интервенира доколку е загрозена безбедноста на северот на Косово


  Косово – НАТО оцени дека севкупната безбедносна ситуација на северот на Косово е тензична и дека воената алијанса е подготвена, во согласност со својот мандат, да интервенира доколку е загрозена стабилноста. „Нашата мисија  КФОР е целосно фокусирана да задржи безбедна средина и слобода на движење за сите граѓани на Косово. “ се вели во соопштението […]

Нишел Николс, легендарната Ухура од „Ѕвездени патеки“ почина на 89 години


САД- Американската актерка Нишел Николс, која се прослави како поручничката Ниота Ухура во оригиналната серија „Ѕвездени патеки“, почина на 89 години. Николс ги урна бариерите со оваа улога, станувајќи една од првите црни актерки во САД која играше лик со авторитет. Подоцна беше ангажирана од НАСА како амбасадорка за да охрабрува жени и Афроамериканци да […]

Јовески контра Русковска: Во случајот со Финансиската полиција има намерни пропусти


  Претресот во Финансиската полиција, а потоа острите пораки што ги разменуваа меѓу себе Арафат Муареми и Вилма Русковска, доведе до вмешување на државниот обвинител по поднесената претставка. Љубомир Јовески определи двајца обвинители да го испитаат целиот случај и од нивниот извештај се заклучува дека Обвинителството за гонење организиран криминал на Вилма Русковска ги надминало […]

Синер го победи Алкараз во финалето во Умаг


  Хрватска- Јаник Синер во неделата го победи шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по втор пат во четири недели и ја освои титулата на Шпанецот во Умаг на земјени терени. Светскиот рекет број 10, Синер, дојде од негатива од првиот сет и го победи петторангираниот Алкараз со 6-7 (5/7), 6-1, 6-1 во финалето. Синер, кој сега […]

Енергетски ефикасни голем дел од објектите под надлежност на МВР


  Во периодот од 2017 до јули 2022 година, со целосната или делумната реконструкција на 75 објекти на МВР ширум државата, спроведени се мерки за зголемување на енергетската ефикасност во 46 објекти, за чија имплементација од буџетот на МВР инвестирани се 458.330.439 денари. – Стариот начин на загревање е заменет со нов и поекономичен во […]

Пред Мајкл Џордан и Меџик Џонсон беше Бил Расел: НБА ѕвездата почина на 88 години


САД- Бил Расел редефинира како се игра кошарката, а потоа го смени начинот на кој се гледа спортот во расно поделената земја. Најплодниот победник во историјата на НБА, Расел маршираше со Мартин Лутер Кинг Џуниор, застана со Мухамед Али и го прими Претседателскиот медал на слободата од претседателот Барак Обама. Центарфорот на Бостон Селтикс, која […]

Стинг од Варшава : Ако не ја браниме демократијата, ќе ја изгубиме


  Полска–  Поп-ѕвездата Стинг (70) сподели итна политичка порака за време на концертот во Варшава, Полска во саботата. Пејачот го прекина својот настап за да се повика на толпата во врска со војната во Украина и зголемените закани за демократијата. Нарекувајќи ја инвазијата во земјата од рацете на руските сили „апсурд заснован на лага“, изјавата […]

Бела кошула и фармерки- Пријанка Чопра е новото лице на Глорија Вандербилт


  САД- Пријанка Чопра – Џонас, индиска актерка со холивудска кариера, е фокусирана на брендовите со кои соарботува. оти. Како долгогодишен амбасадор на УНИЦЕФ, работи со Max Factor и создаде сопствен бренд за нега на коса, Anomaly, кој е без штетни хемикалии и спакуван во рециклирани шишиња. Од денес,  1 август таа официјално ќе биде […]

Продолжува жетвата и бербата на земјоделски култури во Пелагонија


Во битолскиот дел на Пелагонија најголем дел од жетвените активности се во завршна фаза, а агроексперите советуваат дека после жетвата на житните култури потребно е да се изведи длабоко орање на ослободените површини. Августовското орање заедно со користењето на органски и минерални ѓубрива претставува многу корисна агротехничка мерка, посочуваат агроексперти за МИА. –Во овој период сувото […]

Конзервативците во Британија почнуваат да гласаат


 Англија– Членовите на британската конзервативна партија гласаат оваа недела за избор на нивниот нов лидер, кој ќе го наследи Борис Џонсон на премиерската функција, а Лиз Трас е фаворит пред Риши Сунак. Трас добро и оди во анкетите по првите телевизиски дебати во кои се соочи со поранешниот министер за финансии. Членовите на партијата на […]

Промоција на лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“


  Во научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија” – МАНУ, вечер ќе биде промовиран лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов. Во лексиконот, како што соопштија авторите, на речиси 400 страници претставени се биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени […]

Американска политика: Старците не сакаат да одат во пензија


Џо Бајден, Доналд Трамп, Ненси Пелоси, Мич Меконел…највлијателните политичари во САД се во веќе поодминати години. Но, немаат намера да престанат. Младите чувствуваат дека нивните маки малку некој ги разбира   Линк до целиот текст на Дојче веле тука