Џеј Ло ја има најпосакуваната чанта – „Пикник Кели“ на Хермес ја „прошета“ во Париз


 

Франција– На последниот ден од нејзиниот париски меден месец, семеен одмор со Бен Афлек и нивните деца, Џенифер Лопез излезе од Хотел де Кријон не со својот нов сопруг под раката, туку со нешто што изгледаше како ново купување во Хермес: многу редок, многу посакуваниот модел „Пикник Кели“  од 35 см. 

И иако таа беше забележана како купува во модната куќа на Rue du Faubourg Saint-Honoré неколку дена претходно, овој модел сигурно не го купи оттаму. По неговото деби на пистата во 2011 година на тогашниот креативен директор Жан Пол Готје, Пикник Кели – за кој се потребни 10 часа прецизно изработка и од мајстор ткајач на кошници, овој модел беше прекинат во 2018 година. Сега може да се купи само преку секундарниот пазар кога  повремено се појавува на аукција.

„Последен пат го имавме во 2019 година и беше продаден за речиси 44.000 долари“, вели Синтија Хултон, глобална шефица за мода и додатоци во Sotheby’s. Минијатурната верзија од Хермес и може да има уште повисоки аукциски цени: некој платил повеќе од 100.000 долари за зелена кожна итерпретација минатото лето во Sotheby’s Хонг Конг. Малопродажната цена, инаку, е околу 14.000 долари.

Лопез веќе поседува калеидоскопска колекција на Birkins на хермес и најмалку две се појавија на ова патување во Париз. Таа славните и скапи чанти сака да ги носи и како чанти за теретана. Но, овој плетен момент се чувствува двојно историски: прво затоа што таа не носи често Кели, а исто така и затоа што Џеј Ло сега можеби е една од единствените А-листи што може да се види со чантата за пикник. „Тоа дефинитивно не е чанта што многу ја гледате“, вели Хултон. „Не можам да именувам имиња, но сигурно им продадовме чанти на други познати личности или на нивните сопруги, кои го сакаа она што го носеше Џеј Ло.