Косовската влада го одложи за еден месец реципроцитетот кон Србија


Косово – Владата на Косово синоќа донесе одлука да го одложи за еден месец спроведувањето на реципроцитетот кон Србија во однос на личните документи и на одлуката за замена на српските со косовски регистерски таблички, јави дописникот на МИА од Приштина. Одлуката е донесена по синоќешната средба на косовските челници со амбасадорот на САД во […]

Џеј Ло како диско кралица на гала на УНИЦЕФ – сакам да живеам во свет на сјај


Италија– Џенифер Лопез ја оживеа својата „диско-дива фантазија“! Поп-ѕвездата и актерка ја потресе сцената во Капри, во Италија на хуманитарниот настан LuisaViaRoma за УНИЦЕФ во саботата навечер, каде што го отвори својот настап со два нејзини хитови, „If You Had My Love“ и „Waiting for Tonight“. Облечена во боди со принт на зебра со соодветна […]

Принцот Чарлс прифатил 1,2 милиони долари од семејството на Осама бин Ладен


  Англија– Принцот Чарлс, наследникот на британскиот трон, прифатил 1,2 милиони долари од семејството на Осама бин Ладен, објави The Sunday Times. Принцот (73) ја зел исплатата од двајца полубраќа на Бин Ладен, Бакр, патријархот на семејството и Шафик, по состанокот во британската кралска резиденција Кларенс Хаус во октомври 2013 година, пишува весникот. Состанокот се […]

Санчез по Скопје, во Тирана


Во рамки на неговата балканска турнеја премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон утре претпладне ќе допатува во Тирана. Според кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама, по церемонијата на пречекот и средбата на двајцата премиери во 11 часот тие ќе одржат прес-конференција. – Тој во Тирана ќе допатува од Скопје а претходно ги посети Белград, […]

На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ околу 40 минути


  На ГП „Табановце“ изутринава времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од […]

Сончево и топло до 36 степени


  Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер до 60 км/час од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со […]

Ноќеска ветер, а утре сончево со мала локална облачност и температура до 35 степени


  Времето денеска беше сончево и топло со мала локална облачност во северните делови. Од пладневните часови облачноста се прошири во останатите делови од земјата и особено во штипско и во делови од Пелагонија почна да засилува северен ветер. Попладнево повеќе облачност имаше во западните делови од земјата и таму понекаде имаше краткотраен пороен дожд. […]

„Охридско лето“ како храм на европската култура- дипломатите ги поддржуваат уметниците


Традиционалните вечери на фестивалот „Охридско лето“ што досега се одржаа, Вечер на Европска унија, Српска вечер, Италијанска вечер и Француска вечер беа вистински празник за љубителите на културата. Концертите одржани во рамките на овие вечери ги донесоа најдобрите уметници од нивните земји, а во редовите на публиката беа и дипломатите кои несебично ги поддржаа настаните […]

Почина Нико Палигора, познат македонски стопанственик


  По кратко боледување, во Скопје на 86-годишна возраст почина познатиот македонски бизнисмен Нико Палигора. Палигора е роден во 1935 година во Маловиште, Битолско и еден од личностите кој оставил силен белег во период на обновување на Битола. Беше директор на „Металец“, а потоа и на важни функции во „Технометал Вардар“. Во периодот од 1980 […]

Потроши 40 милиони долари за нов средновековен замок- колку е богат Бред Пит?


  САД- Добро познат по својата љубов и знаење за дизајнот и архитектурата, Бред Пит додаде фасцинантен историски имот во своето портфолио на имоти. Лоциран во Кармел Хајлендс, Калифорнија, актерот неодамна затвори за она што агентите го нарекуваат една од најскапите продажби досега во областа, објави Волстрит журнал. Пит купил имот во округот Монтереј познат […]

Престанете да носите вратоврски за да заштедите струја, изјави шпанскиот премиер Санчез


  Шпанија– Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ги повика владините службеници и вработените во приватниот сектор во Шпанија да ја намалат потрошувачката на електрична енергија со тоа што нема да носат вратоврски. Би сакал да забележите дека не носам вратоврска. Тоа значи дека сите можеме да заштедиме струја, рече Санчез на прес-конференција, на која го […]

Сончево и топло време, во недела и понеделеник пад на температурите за 3 до 5 степени


  Времето утре во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе […]

Фестивалот „Егзит“ со еднодневна забава во Струмица


Еднодневна „Get EXITed“ (Гет ЕГЗИТед) забава во организација на тимот на „ЕГЗИТ Фестивалот“ и во соработка со Општина Струмица ќе се одржи на 7 септември со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди. Целата листа на изведувачи и местото на одржување ќе бидат објавени наскоро, како и почетокот на продажбата на првиот контингент влезници. […]

За иднината на скулптурата на Мајка Тереза ќе одлучи стручната јавност на општа дебата


  За споменичната скулптура посветена на Мајка Тереза чија градба со години е стопирана и го блокира влезот на плоштадот Македонија ќе се распише конкурс со цел стручната јавност да предложи прифатливо решение за овој простор. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска вчера за неа не изјави ниту дека ќе се догради, ниту дека ќе […]

Италијанец уапсен на аеродромот во Скопје – бил агресивен кон вработени и полицајци


  Италијански државјанин вчера бил уапсен на Скопскиот аеродром, откако бил агресивен кон полицајци и вработени на аеродромот, соопшти МВР. „На 28.07.2022 во 09.45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д.(36) од Италија, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кон вработените […]

Пожар во Мармарис во близина на хотели и згради


  Турција- Пожарникари од копно и од воздух денеска се обидуваат да го изгаснат шумскиот пожар кој избувна во близина на станбени области во југозападна Турција, соопшти локалната управа за шумарство, потсетувајќи ги Турците на минатогодишните пожари што беснееја низ регионот. Регионалниот оддел за шумарство на провинцијата Мугла соопшти дека пожарите, предизвикани од силните ветрови […]

Холандија во септември ќе почне со нова вакцинација против коронавирусот


  Холандија – Владата на Холандија денеска соопшти дека за време на есенската вакцинација против коронавирусот во септември, ќе можат да се пријават сите граѓани на возраст од 12 и повеќе години. Холандското Министерство за здравство соопшти дека експертскиот советодавен одбор препорача новата рунда вакцинација „за да се зачува заштитата од тешка болест и смрт и да се зачува пристапот до здравствена […]

Малиот плоштад кај штипскиот Центар за култура ќе се разубавува со мозаик


  Ново идејно решение, со мозаик треба да го разубави просторот на улицата  „Тошо Арсов“ во Штип. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Горан Трајков вели дека дека е мал плоштад меѓу зградите на Центарот на култура и Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД )-Штип. Уметниците Марјан Стојаноски од Прилеп и Ристе Мицевски […]

Инфлацијата во еврозоната во јули нагло забрза до рекордни 8,9 отсто


  Белгија– Инфлацијата во еврозоната во јули нагло забрза достигнувајќи ново рекордно ниво од 8,9 отсто, предизвикана од континуираниот раст на цените на енергијата и храната, покажаа денеска првите проценки на Евростат. Растот на потрошувачките цени во 19-те земји од еврозоната, изразен со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени ХИЦП (HICP), силно забрза во јули на […]

Владата даде „зелено светло“ за авансна исплата на земјоделските субвенции


  Владата на денешната седница ја усвои Предлог – програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година со која, по ребалансот на буџетот, средствата се зголемуваат на 2,6 милијарди денари и со нив ќе се врши исплата на сите заостанати обврски кон земјоделците, а почнува и авансната исплата на субвенциите […]