„Охридско лето“ како храм на европската култура- дипломатите ги поддржуваат уметниците




Амбасадорот Силвестри потенцира дека Франција и Италија се две сестрински нации кои го споделуваат истото латинско наследство, јазици со сличен призвук, длабоки историски врски и испреплетност на двете култури низ вековите.
-Во овој сакопоцен храм на византиската уметност каква што е Црквата Света Софија, секогаш останувам фасциниран од испреплетеноста и влијанијата со кои се хранеа нашите две култури во текот на вековите, во толку многу области како ликовната уметност, музиката, филмот, театарот, книжевноста… Бројни наши големи уметници меѓусебно се инспирирале и ќе ви дадам само еден пример: Караваџо (1571- 1610), тој брилјантен сликар со бурен живот, му беше толкав извор на инспирација на Џорџ де ла Тур (1593 – 1652), големиот сликар од регионот Лорен во Франција, што честопати тој беше нарекуван француски Караваџо, а на тоа Андре Малро имаше кажано: “Караваџо и Ла Тур се интимно поврзани со нивната генијалност“, рече во своето поздравно обраќање амбасадорот Силвестри.
Извонредниот Квартет „Агат“ е составен од виолинистите Адриен Јурковиќ и Тома Декан, виолистот Рафаел Пањон и виолончелистот Симон Лашме. Сите се по потекло од југот на Франција. Сите ја споделуваат истата страст за градот Берлин каде што најдоа погодна средина што ја стимулира нивната креативност.
Младите и брилјантни музичари првпат настапија во РС Македонија а негуваат ист ентузијазам, разновидни искуства и настапи, од камерна музика до големи филхармониски ансамбли.
Францускиот амбасадор дополни дека француско-италијанската врска отсекогаш била убава, суптилна и комплексна.
-Благодарение на таа врска понекогаш и се надминуваа некои недоразбирања ; овие две латински сестри, или пак латински братучетки како што милуваше да каже Генералот де Гол, секогаш знаеја да го најдат патот на меѓусебното разбирање; нешто што во многу погледи може да послужи како пример, убеден сум во тоа, рече амбасадорот Бoмгартнер.