Потпишан договор со Светска банка за 37 милиони евра инвестиции во локални патишта


  Потпишан е договор помеѓу Министерството за финансии и Светска банка со кој се обезбедуваат 37 милиони евра за Проектот за поврзување на локални патишта со кој ќе се реконструираат, надградат и рехабилитираат севкупно 450 километри локални патишта, во сите општини во државава. Проектот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на […]

Црковното наследство незаштитено – во Албанија откриени повеќе од 20 нови украдени икони од Македонија


Во Албанија се откриени повеќе од 20 украдени икони од Македонија.  -Во тој процес на реституција со Република Албанија на веќе украдени икони, токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка на икони, каде од 45 икони, веќе 23 или 24 се идентификувани дека се наши. Направивме тим од Министерство за […]

На Шакира ѝ се закануваат 8 години затвор за затајување данок во Шпанија


Шпанија- Обвинителството на Барселона побара за пејачката Шакира 8 години и два месеци затвор во случајот за затајување данок. Од пејачката се бара и да врати над 23 милиони евра во форма на парична казна, пишуваат шпанските медиуми. Колумбиската пејачка е обвинета за неплаќање данок на шпанската држава. Адвокатите на пејачката изјавија дека нема директни […]

Kiko Milano те чека во Сити Мол!


Откако веќе неколку месеци продавницата на Kiko Milano успешно работи во Ист Гејт Мол, време беше за ново поглавје во кое едвај чекаме да продолжиме заедно да ја раскажуваме приказната за вашите омилени производи. Отсега, целата козметика која е љубов на прв поглед, можете да ја најдете уште поблизу до вас, и тоа во трговскиот […]

Немаме регистрирано случај на мајмунски сипаници, вели министерот Сали


  Во земјава нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а Институтот за јавно здравје располага со доволно тестови за дијагностицирање на овие сипаници, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. – Има доволно тестови за евентуална појава на сипаници. За вакцините, од националниот кородинатор за имунизација имам потврда дека во државата имаме на располагање вакцини […]

H&M на 18 август ја отвора првата продавница во Македонија


Познатиот синџир за облека, H&M, на 18 август ќе ја отвори првата продавница во Македонија, соопштија од компанијата. „H&M Hennes & Mauritz AB (H&M) меѓународниот синџир на продавници, познат по одржлива мода и квалитет по најдобра цена, е подготвен да ја отвори својата прва продавница во Скопје, Северна Македонија ова лето 2022 година“, се вели […]

Џони Деп заработи 3,5 милиони евра од сликите на славните личности


  САД- Џони Деп заработи околу три ипол милиони евра само неколку часа откако ја објави продажбата на своите слики на Инстаграм. Холивудскиот актер денеска објави дека својата дебитантска колекција „Пријатели и херои“ ќе ја пушти во продажба преку лондонската галерија „Castle Fine Art“. Сликите се посветени на луѓето кои најмногу го инспирирале во неговата […]

На Оревче во Охрид викендов ќе настапува британскиот диџеј и продуцент TIJN


Британскиот диџеј и продуцент TIJN ќе настапи во Охрид Маратон за сите љубители на електронската музика, викендов, недела 31-ви јули од 12 часот на плажата Оревче на Охридското Езеро. Три артисти ќе се погрижат за девет часовниот настан, позади чија организација стои формацијата на македонски диџеи и музички продуценти Пирка. Специјален гостин на настанот е […]

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со сопранот Дариа Масиеро и пијанистот Андреа Кампора


  Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт на сопранот Дариа Масиеро и пијанистот Андреа Кампора. Дариа Масиеро е една од најзнaчајните вокални уметници во Италија. Настапува со некои од најголемите оперски имиња на денешницата како Хозе Карерас, Пласидо Доминго, Лео Нучи, Ренато Брусон, […]

Мадона одбива да го продаде каталогот на нејзините песни затоа што „Сопственоста е сè“


САД– Мадона можеби е музички трендсетерка, но има еден тренд кој нема да го следи. И покрај фактот дека уметниците од висок профил од Брус Спрингстин и Стинг до Џастин Тимберлејк и Боб Дилансе збогуваа од своите музички каталози за огромни суми во последниве години, пејачкатана „Like a Prayer“ нема да им се придружи. „Тие […]

На Боб Дилан нема да му се суди за силување малолетничка: „Случајот е завршен“


  САД – Спорната тужба во која се тврди дека Боб Дилан сексуално злоставувал 12-годишно девојче во Њујорк во 1965 година е „повлечена“ од страна на обвинителот, изјавија адвокатите на кантавторот во четвртокот. Повлекувањето дојде само неколку дена откако 69-годишната обвинителка, идентификувана во тужбата како Ј.Ц., ги отпушти своите адвокати среде клучните рокови за откривање […]

Светска недела на доењето


  Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и компанијата Хипомед, оваа година ja одбележуваат Светската недела на доење од 1-ви до 7 август едукација на сите медицински сестри и акушерки за доење, со јавна кампања за промоција на значењето на доењето […]

Изборот на уставни судии се враќа на дневен ред во собраниската Комисија


Дебата за изборот на тројца уставни судии се враќа во матичната собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата. За денеска, како што стои во собранискиот календар на официјалната веб-страница, има продолжение на седницата на комисијата на чиј дневен ред е оваа точка. За трите испразнети места за кои конкурс беше распишан пред повеќе од […]

Храна што треба да се избегнува во лето


При тропските температури со коишто се соочуваме во последно време, изборот на намирници што ги внесуваме во текот на денот може да помогне во полесно справување со горештините. Летото е време кога ни одговара лесна и освежителна храна, а за време на топло време е добро да избегнуваме намирници кои го прават токму спротивното. На […]

Отворање на реновираниот Хируршки ургентен центар на скопските клиники 


  Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и министерот за здравство Беким Сали денеска ќе присуствуваат на отворањето на реновираниот Ургентен хируршки центар во склоп на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје. На настанот Грковска и Сали заедно со директорот на клиниката Александар Трајановски ќе направат […]

Сара Мејс роди син


„Пијана од среќа и љубов, добредојде Кирил, јунак наш“, напиша Сара Мејс и објави фотографија со синчето и сопругот Димитар Атанасовски, направена веднаш по породувањето вчеравечер, каде појде директно од детски роденден. Двојката ја има и тригодишната ќерка ќерка Илина. Колегите од естрадата им честитаа за среќната вест.      

Комерцијална банка со рекордна добивка во своето постоење – профитот за три месеци е 10 милиони евра


  Комерцијална банка го има убедливо најдоброто полугодие во својата корпоративна историја. Најголемата домашно поседувана банка, која воедно и најголема банка според активата, за првите шест месеци годинава книжи добивка од 18,33 милиони евра што е за фантастични 36 отсто подобар резултат во споредба со истиот период лани, покажуваат објавените официјални податоци од неконсолидираниот биланс […]

Џеф Безос во Лондон: Ја обиколи Бакингемската палата и вечераше со Том Круз


Англија– Џеф Безос ја обиколи Бакингемската палата и вечераше со актерот Том Круз во посета на Лондон оваа недела, објави весникот „Сан“. Вториот најбогат човек на светот ја обиколи лондонската палата на кралицата со 30 пријатели и семејство по 109 долари по билет, се вели во извештајот. Неименуван извор изјави за „Сан“ дека приватната турнеја […]

Премиерот на Шпанија ја започнува посетата на Србија


  Србија – Премиерот на Шпанија Педро Санчез денеска доаѓа во дводневна посета на Србија, во рамки на турнејата во која ќе посети уште четири земји од Западен Балкан, пренесе Бета. Санчез денеска во Белград ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по што ќе се одржи пленарен состанок на делегациите на двете земји. Шпанскиот […]

Петков: Ако има мафија во Бугарија тоа се околу 50 луѓе


  Бугарија–  „Навистина, имаме дваесетина луѓе, поточно од 20 до 50, кои во текот на животот нелегално се збогатуваа, одржувајќи привилегирани односи со политичката моќ. Тие се во основа конкуренти, но и меѓусебно зависни еден од друг… Тие се обединуваат кога нивните интереси се загрозени. Згора на тоа, имаат главен обвинител кој им е на […]