Црковното наследство незаштитено – во Албанија откриени повеќе од 20 нови украдени икони од Македонија


Во Албанија се откриени повеќе од 20 украдени икони од Македонија. 

-Во тој процес на реституција со Република Албанија на веќе украдени икони, токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка на икони, каде од 45 икони, веќе 23 или 24 се идентификувани дека се наши. Направивме тим од Министерство за култура и Управа за заштита на културно наследство кои веќе се испратени на терен и работат на препознавање на остатокот од иконите, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на средбата со новинарите.

Таа информира дека треба да имаме подобри законски решенија за тоа како овие процеси понатаму ќе се решаваат и додаде оти сега има само комуникација меѓу инволвирани министерствата од Северна Македонија и од Албанија. Најави дека во овој дел ќе имаат помош од Американската амбасада во земјава. 

Негрижа за богатото црквоно наследство, ограбени, опустошени и осквернавени цркви, незаштитени и заборавени локалитети е сликата од македонските светилишта со години наназад. Само во изминатите десетина години од Струшко украдени се 600 икони со непроценлива вредност.

За надминување на овој проблем, според македонските експерти, потребни се системски промени и построга законска регулатива.

Плус, црквите немаат елементарна заштита и оти се остваени сами на себе, без видео надзор, аларми или чувари.

Изминатава деценија од црквите во Југозападниот регион исчезнаа највредните икони од Дичо Зограф. Украдени се црковни артефакти, световни книги, крстови, плаштеници со чудотворна моќ низ кои е проткаена вековната традиција и верувања на локалното население. Не останаа поштедени ниту црквите во гостиварско, охридско, ниту во битолскиот и дебарскиот регион. Бесценетите предмети завршуваат на црните европски пазари.