Втора свадба на Борис Џонсон и Кери – славеа со семејството и пријателите во природа
Англија– Повеќе од една година по нивната тајна свадбена церемонија, британскиот премиер во оставка Борис Џонсон (58) и неговата сопруга Кери (34) организираа втора прослава со своите пријатели и семејството.
Забавата се одржа во Дејлсфорд Хаус во Котсволдс, имот од 1.500 хектари со луксузна селска куќа , оранжерија, овоштарник во облик на срце, тајна градина и базен.
Меѓу гостите беа и сестрата на Борис Рејчел Џонсон и неговиот татко Стенли, кои беа сликани во нивните автомобили како влегуваат на имотот. На местото пред свадбата слета и хеликоптер, без сомнение со ВИП гости.

Овој месец планираа поголема свадбена веселба во Чекерс, официјалната резиденција на премиерот на Велика Британија, сместена во рурален дел во југоистоична Англија. Сепак, по силните критики за изборот на локацијата, Џонсон мораше да ги промени плановите.

Двојката, која го има синот Вилфред (2) и ќерката Роми (7 месеци) во мај се венчаа на приватна свеченост во Вестминстерската катедрала, во присуство на мал број роднини и пријатели.
Премиерот на Велика Британија во оставка зад себе има два брака, но тој е прв сопруг на Симондс.