Промоција на лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“


 

Во научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија” – МАНУ, вечер ќе биде промовиран лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов.

Во лексиконот, како што соопштија авторите, на речиси 400 страници претставени се биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени во нашата држава во периодот меѓу 1850 и 1950 година.

– Овие ликовни дела – акварели, бакрорези, цртежи, графики, илустрации, се инспирирани од луѓето, градовите, пејзажите, обичаите или од историските настани кои се случиле во Македонија, во втората половина на 19 и првата половина на 20 век, се наведува во информацијата.

Во рамките на промоцијата на лексиконот, ќе се одржи изложба на слики од приватната колекција на Влатко Милошевски.