Почесни Оскари за Глен Клоуз и Ридли Скот


Лос Анџелес – Актерката Глен Клоус, режисерот Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман ќе добијат почесни Оскари, додека продуцентките Кристин Вашон и Памела Кофлер ќе ја добијат меморијалната награда „Ирвинг Г. Талберг“. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги врачи почестите на годишната церемонија на Гувернерските награди на 15 ноември во салата „Реј Долби“ […]

Наум Пановски го одби Рациновото признание за 2026?


Театарскиот режисер и театролог Наум Пановски, добитникот на Рациново признание за 2026, преку видеопорака вели дека одбил да ја прими наградата за неговата книга „Коста Солев – смртопис“, која требаше да му се врачи на Рациновите средби на 15 јуни. Пановски не беше присутен на врачувањето, а во соопштението што вчера го испрати до медиумите, а […]

„Сѐ што ти треба за совршено лето“: Тридневен летен базар во Скопје Сити мол


Во рамки на платформата Сити Базар, од 19 до 21 јуни на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи летен базар „Сѐ што ти треба за совршено лето“, на кој, своите рачно изработени производи ќе ги претстават 26 современи ракотворци. На тридневниот базар ќе бидат претставени рачно изработени производи како органска козметика за заштита од сонце, рачно изработени летни шаторчиња, лепези, термоси и летни аксесоари […]

Нов проект ќе ги поврзе Банско, Дојран и Килкис во културно – туристичка рута


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински вчера беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка […]

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола


 Збирката раскази „Ништо нормално“ од авторката Симона Јованоска ќе биде промовирана во книга-барот „Пионерски“ во Битола со почеток во 19 часот. Како што соопштуваат од „Или-или“, книгата ќе биде претставена низ разговор со авторката, кој ќе го води Сашо Огненовски. – Од своето објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува силен интерес кај читателската публика, […]

Без вода дел од улицата Димитрие Чуповски во Скопје


Поради интервенција за менување вентил, денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во централното градско подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат надлежните служби, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до Министерството за правда, во близина на бурекџилницата „Рекорд“. Прекинот ќе […]

Променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде променливо […]

Изложбата „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ гостува во Белград


Изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), реализирана на тема „Невидливи траги“, по својата премиера во Скопје ќе биде претставена и пред белградската публика, во македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва во 20 часот, а пред присутните ќе се обратат претседателката на ДЛУМ, Јана Манева […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 18  јуни 2026 година, 169-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  196 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 8 […]

Зоран Анчевски: „Длабок простор“ е ново поетско патување во бесконечноста на јазикот и на битието


Постојат простори што не можат да се измерат со далечини, ниту да се опфатат со поглед. Простори што живеат во зборот, во сеќавањето, во мигот кога поезијата го отвора патот кон невидливото. Токму во таков простор – бесконечен, таинствен и повеќезначен – Зоран Анчевски ги поведе читателите со својата нова поетска збирка „Длабок простор“, која […]

Петар Саркањац преку Беркли до Сули Ан


Македонскиот композитор Петар Саркањац, дипломец на престижниот Беркли колеџ за музика во Бостон, САД, својот деби-албум Conference of Grammars ќе го промовира оваа недела, на 21 јуни во 20 часот, во амбиенталниот простор на скопскиот Сули Ан, кој има капацитет од 200 посетители. Концертот, замислен како настап со вокалисти и жичен квинтет, по многу нешта претставува вистинско […]

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет


 На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Како што информира Центарот за упраување со кризи  (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово […]

Мегдан со Коста Солев и себеси


Авторот и есеист, Наум Пановски, е добитник на највисокото „Рациново признание“ за 2026 година. Оваа награда ја добива за романот „Коста Солев – смртопис“, роман со став, идеја и повик за себепреиспитување. Тој ја доби наградата во конкуренција на 25 пријавени дела. За Рациновото признание одлучуваше жири-комисијата во состав, проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р […]

Дина Дума со „Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival


Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот. Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена филмска авторка која го претставува духот и визијата на легендарната […]

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“


Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“. Ова значајно одликување на Младеновска-Ѓорѓиевска ѝ го врачи амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, на свеченост организирана во италијанската […]

Грин Машинс ќе го придружува Иџе на европските патеки – брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист


Компанијата Грин Машинс, бренд на БРАКО и еден од водечките светски производители на возила за урбана хигиена, воспостави соработка со најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, чии тркачки автомобили отсега ќе го носат логото на македонскиот бренд на европските патеки. „За нас претставува чест да бидеме дел од приказната на Игор Стефановски – Иџе. […]

„Мајкл“ официјално е најпрофитабилниот музички биографски филм досега


Лос Анџелес – Во битката за бокс офисот се бореа Мајкл Џексон против Фреди Меркјури. „Мајкл“ го надмина „Боемска рапсодија“ како најпрофитабилен музички биографски филм на сите времиња. Сега Мајкл е на добар пат да сруши повеќе рекорди. Моментално најпрофитабилниот биографски филм е „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, кој го заврши своето прикажување со 975,8 милиони […]

Името Трамп ќе се отстрани од Центарот „Кенеди“


Вашингтон – Судијата го отфрли барањето за запирање на отстранувањето на името Трамп од Центарот „Кенеди“ Федерален судија на САД во петокот го отфрли барањето на одборот на Центарот „Кенеди“ и Министерството за правда да го запрат отстранувањето на името на претседателот Доналд Трамп од местото каде што се одржуваат сценски уметности. Окружниот судија на […]

Почина славниот британски уметник Дејвид Хокни (88)


Лондон – Дејвид Хокни, еден од највлијателните британски уметници на модерното време, почина на 88-годишна возраст, потврди неговата портпаролка. Хокни, еден од лидерите на поп-арт движењето од 1960-тите, почина во својот дом во четврток, „еден месец пред неговиот 89-ти роденден“, се вели во соопштението. Во 2018 година, една од неговите слики на базен беше продадена […]

Зошто некои земји сакаат нивните локации да бидат отстранети од листата на УНЕСКО?


Статусот на светско наследство може да ги катапултира дури и помалку познатите локации кон глобална слава, но зошто некои места се борат да бидат отстранети од престижната листа? Во планините на централна Словачка, живописното средновековно село Влколинец има повеќе куќи отколку луѓе. Околу 20 од нив живеат во 45 живописни колиби групирани околу камбанарија од […]