Иницијатива за отворање Лекторат по македонски јазик во Анкара – Сиљановска Давкова на средба со македонската заедница во Туција
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамките на посетата на Турција, во Амбасадата на Македонија во Анкара имаше средба со припадници на македонската заедница.
– Во пријателска атмосфера, во македонската амбасада во Анкара, имав чест да се сретнам со припадници на македонската заедница во Турција, придружени од Севим Оздемир, претседателка на Здружението „Иселениците од Румелија“, обајви претседателката Сиљановска на Фејсбук.

Меѓу присутните беа универзитетски професори, лекари, научници и истакнати професионалци, кои изградиле успешни кариери во Турција, но останале длабоко врзани за своите македонски корени.
– Во нивните сведоштва се преплетуваат спомените за родниот крај, грижата за македонскиот јазик и одговорноста тоа богатство да им го пренесат на идните генерации. Иницијативата на проф. д-р Мелахат Парс, раководителка на Катедрата по македонски јазик при Анкарскиот универзитет, за целосно етаблирање на истата и отворање Лекторат по македонски јазик во Анкара ја препознав како природен и стратешки чекор. Во земја каде што живее бројна заедница со македонско потекло, лекторатот ќе биде простор за изучување, негување и афирмација на македонскиот јазик, напиша по средбата претседателката Сиљановска Давкова.

Шефицата на македонската држава денес и утре во Анкара ќе учествува на 36. Самит на НАТО. Во македонската делагација што ја предови Сиљановска Давкова, се и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата.
Покрај учеството на самитот, предвидено е Сиљановска Давкова да има и повеќе билатерални средби.