Путин сѐ уште размислува дали ќе учествува на претседателските избори


Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе се кандидира на претседателските избори што ќе се одржат следната година. Тој истакна дека ја има предвид јавната поддршка што ја ужива. Путин на собир во Москва, на кој присуствуваа голем број млади луѓе, ги праша присутните дали ја поддржуваат неговата кандидатура на …

Путин сѐ уште размислува дали ќе учествува на претседателските избори Read More »

Во 2016 година 85 отсто од играчките во ЕУ биле увезени од Кина


Увозот на играчки во Европската Унија минатата година бил петпати поголем од извозот, а најмногу се увезувало од Кина, додека меѓу земјите извознички се издвоила Чешка, покажуваат податоци на европска агенција за статистика. ЕУ минатата година увезла играчки во вкупна вредност од речиси 7,2 милијарди, а извезла во вкупна вредност од само 1,5 милијарда евра, …

Во 2016 година 85 отсто од играчките во ЕУ биле увезени од Кина Read More »

Столтенберг: Не смееме да дозволиме каков било судир на Западен Балкан


Апелираме до сите страни во Западен Балкан да направат сѐ што е во нивна моќ за намалување на тензиите, избегнување на потпалувачка реторика и спречување нови вооружени судири во регионот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. – Главната одговорност пред сѐ е на земјите во регионот, но и на НАТО, да помогне во избегнување …

Столтенберг: Не смееме да дозволиме каков било судир на Западен Балкан Read More »

Светските сили се против прогласувањето на Ерусалим за главен град на Израел


Освен муслиманските земји, критики до САД поради најавеното признавање на Ерусалим како главен град на Израел денеска упатија и Европската Унија, Кина и Русија. Федерика Могерини, во име на Европската Унија, изјави дека статусот на Ерусалим треба да се реши низ преговори меѓу Израелците и Палестинците, при што Ерусалим треба да биде главен град на двете …

Светските сили се против прогласувањето на Ерусалим за главен град на Израел Read More »

Украина: Тринаесет лица повредени при обид за апсење на Саакашвили


Вкупно 13 лица беа повредени утрово при обидот на украинската полиција за апсење на поранешниот грузиски претседател и актуелен украински опозициски лидер Михаил Саакашвили, кој опкружен со своите поддржувачи престојува во камп во близината на украинскиот парламент, соопштија властите во Киев. Од повредените 11 се полицајци, кои побарале медицинска помош, додека останатите двајца се демонстранти. …

Украина: Тринаесет лица повредени при обид за апсење на Саакашвили Read More »

Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел


Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел денеска. Ова беше објавено вчера од страна на претставници на Белата куќа на брифинг за новинарите. „Претседателот ќе објави дека американската влада го признава Ерусалим како главен град на Израел и го смета ова за признавање на реалноста“, изјавија од Белата куќа. …

Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел Read More »

Атина: Судири меѓу демонстрантите и полицијата пред најавениот голем протест


Помали групи млади луѓе денеска се судрија со грчката полиција пред почетокот на демонстрациите за одбележување на деветгодишнината кога полицајци убија тинејџер што ги предизвика најтешките нереди во Грција во последните десетици години. Групи млади фрлаа сигнални ракети врз полициските единици за борба со нереди, кои одговорија со употреба на солзавец. Судирите се случија пред …

Атина: Судири меѓу демонстрантите и полицијата пред најавениот голем протест Read More »

МИ 6: Спречен атентат на Тереза Меј


Британската тајна служба МИ 6 смета дека уапсените подготвувале атентат на Тереза Меј и планирале да постават бомба во седиштето на британскиот влада, на познатата улица Даунинг стрит 10. Осомничените планирале бомбата да ја сокријат во кеса, која требало да ја разнесе вратата на Даунинг стрит и на тој начин атентаторите да влезат во резиденцијата …

МИ 6: Спречен атентат на Тереза Меј Read More »

БиХ: Поради мачка, половина Бања Лука остана без струја


Поголемиот дел од Бања Лука денеска останаа без електрична енергија. Причина за прекинот на снабдување со електрична енергија е, според босанските медиуми – мачка. Мачката влегла во трафостаницата „Бања Лука еден“ во населбата Лазарево, од каде што голем број потрошувачи во главниот град на Република Српска се снабдуваат со електричната енергија, при што предизвикала краток …

БиХ: Поради мачка, половина Бања Лука остана без струја Read More »

Ципрас: Грција во 2018 година ги завршува економските реформи


Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека земјата ќе сврти нова страница во 2018 година и ќе ги остави зад себе болните реформи кои мораше да ги спроведе како услов за да добие финансиски средства по економскиот колапс во 2009 година. – Конечно дојде мигот на грчката економија. Стратегијата на мојата влада и напорите на грчкиот …

Ципрас: Грција во 2018 година ги завршува економските реформи Read More »

Шпанија: Запленет кокаин во вредност од 210 милиони евра


Шпанската полиција заплени 5,8 тони кокаин, што е најголема количина запленета дрога во изминатите 18 години, соопшти шпанското МВР. Дрогата била скриена во контејнер на брод што впловил во шпанско пристаниште од Меделин во Колумбија. Уапсени се три лица, меѓу кои и директор на шпанска компанија. Полицијата соопшти дека се трага по уште две лица. …

Шпанија: Запленет кокаин во вредност од 210 милиони евра Read More »

Драма во Киев: Демонстрантите го ослободија Саакашвили, тој ги повика на протести


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили денеска беше ослободен од своите поддржувачи откако претходно беше уапсен во својот стан во Киев, објави РТ. Тој ги повика своите поддржувачи да се упатат кон плоштадот Мајдан и оттаму да бараат смена на украинскиот претседател Петро Порошенко. Како што се наведува, Саакашвили бил ослободен од автомобилот со кој полицијата …

Драма во Киев: Демонстрантите го ослободија Саакашвили, тој ги повика на протести Read More »

Европа преку нов гасовод ќе се поврзе со Кипар


Претставници на Кипар, Грција, Италија и Израел денеска во Никозија потпишаа меморандум за изградба на гасовод „Ист мед“, кој би требало да пренесува природен гас од наоѓалиштата во близина на кипарскиот остров до Европа. Грција, Израел и Кипар долго време работат на проект за изградба на гасовод, кој би го поврзал островот со Грција преку …

Европа преку нов гасовод ќе се поврзе со Кипар Read More »

За Германците поголем проблем е Трамп отколку Северна Кореја, Русија и Турција


Германците сметаат дека американскиот претседател Доналд Трамп е поголем предизвик за германската надворешна политика отколку лидерите на Северна Кореја, Русија или Турција, покажува анкета што ја спроведе Фондацијата „Кербер“. На врвот на листата на надворешнополитички проблеми се бегалците, при што 26 отсто испитаници се загрижени за германската способност да се избори со големиот прилив на …

За Германците поголем проблем е Трамп отколку Северна Кореја, Русија и Турција Read More »

Австрија ги легализира геј-браковите


Уставниот суд на Австрија денеска ги легализира хомосексуалните бракови. Според одлуката на судот, забраната на хомосексуалните бракови го нарушува принципот на еднаквост и австриските власти најдоцна до 2019 година ќе мора да почнат да им издаваат потврди на хомосексуалните двојки. Во 2010 година австрискиот парламент им овозможи на хомосексуалните двојки да се регистрираат во граѓански …

Австрија ги легализира геј-браковите Read More »

„Комерсант“: САД се вкотвуваат на Балканот


Проектот на американскиот Атлантски совет за нова стратегија на Балканот беше презентиран во САД. Трите клучни елементи на овој проект се: постојано американско воено присуство во регионот, помирување со Србија и активно посредување во решавањето на регионалните спорови. Изворите на „Комерсант“ во балканските владини кругови веруваат дека усвојувањето на оваа стратегија ќе значи враќање на …

„Комерсант“: САД се вкотвуваат на Балканот Read More »

Палестинците не сакаат Ерусалим да стане главен град на Израел


Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Саеб Ерекат, предупреди дека американското признавање на Ерусалим како главен град на Израел би претставувало промовирање на меѓународната анархија. Тој во реакцијата за медиумските наводи за можното признавање на Ерусалим како главен град на Израел од страна на САД, нагласи дека доколку американската администрација одлучи да се спротивстави …

Палестинците не сакаат Ерусалим да стане главен град на Израел Read More »

Северна Кореја: Трамп е луд, полуостровот е на раб на нуклеарна војна


Севернокорејскиот Комитет за мирно повторно обединување на Корејскиот Полуостров го нарече американскиот претседател Доналд Трамп луд, оценувајќи дека воздухопловните воени вежби на САД и Јужна Кореја, кои започнаа денеска, ќе ја турнат ситуацијата на полуостровот, која е веќе акутна, на самиот раб на нуклеарна војна. Во реакција на соопштението од Пјонгјанг и маневрите на американското …

Северна Кореја: Трамп е луд, полуостровот е на раб на нуклеарна војна Read More »

Малта: Осуммина уапсени за убиството на новинарката Дафне Галиција


Малтешката полиција уапсила осум осомничени за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, соопшти премиерот на Малта, Џозеф Мускат. Апсењата се извршени речиси два месеци откако новинарката беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил. Сите уапсени се државјани на Малта и повеќето имаат криминално досие, изјави Мускат без да соопшти други детали. Полицијата има рок од 48 …

Малта: Осуммина уапсени за убиството на новинарката Дафне Галиција Read More »

Две деца загинаа на час откако автомобил влета во училиште во Сиднеј


Две починати  деца е епилогот откако автомобил буквално влета додека траела наставата во училишна зграда во предградие на Сиднеј, Австралија. Станува збор за две деца кои „АБЦ радио“ претходно објави дека се во критична состојба. Пет други осумгодишни деца се хоспитализирани. Повеќето од нив се веќе добро, но медицинските лица за медиумите велат дека состојбата …

Две деца загинаа на час откако автомобил влета во училиште во Сиднеј Read More »