Путин сѐ уште размислува дали ќе учествува на претседателските избори


Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе се кандидира на претседателските избори што ќе се одржат следната година.

Тој истакна дека ја има предвид јавната поддршка што ја ужива.

Путин на собир во Москва, на кој присуствуваа голем број млади луѓе, ги праша присутните дали ја поддржуваат неговата кандидатура на изборите во март. Доби потврден одговор со силен аплауз.