Шпанија: Запленет кокаин во вредност од 210 милиони евра


Шпанската полиција заплени 5,8 тони кокаин, што е најголема количина запленета дрога во изминатите 18 години, соопшти шпанското МВР.

Дрогата била скриена во контејнер на брод што впловил во шпанско пристаниште од Меделин во Колумбија.

Уапсени се три лица, меѓу кои и директор на шпанска компанија. Полицијата соопшти дека се трага по уште две лица.

Пратката била запрена во Алхесирас, а пренесувала банани од Колумбија во Прат де Љобрегат, пристаниште кое се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром во Каталонија.

Кокаинот бил откриен на 28 ноември, а неговата улична вредност е процената на 210 милиони евра