„Комерсант“: САД се вкотвуваат на Балканот


Проектот на американскиот Атлантски совет за нова стратегија на Балканот беше презентиран во САД. Трите клучни елементи на овој проект се: постојано американско воено присуство во регионот, помирување со Србија и активно посредување во решавањето на регионалните спорови. Изворите на „Комерсант“ во балканските владини кругови веруваат дека усвојувањето на оваа стратегија ќе значи враќање на САД во регионот и обид да се спречат руските позиции да добијат импулс.

Проектот за нова балканска стратегија е развиен од американскиот Атлантски совет, кој минатата недела беше претставена во Вашингтон. Иако документот со називот „Балкан напред – нова американска стратегија за регионот“ не носи официјален карактер, тој наскоро може да стане платформа за нова балканска политика на САД.

Атлантски совет се смета за структура блиска до Стејт департментот и американската администрација, неговите претставници задолжени за Балканот активно учествуваа во презентацијата на проектот за новата стратегија. На претставувањето на проектот беа поканети министрите за надворешни работи на Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, кои потоа одржаа посебна средба со советникот на американскиот претседател за национална безбедност Херберт Макмастер.

Новата американска стратегија за Балканот содржи три клучни елементи: Првиот – постојано американско воено присуство во Југоисточна Европа. Според авторите на документот, воената база „Бондстил“ во Косово, која во моментов се користи за потребите на меѓународните сили на КФОР, е совршено приспособена за оваа намена.

Вториот – историско помирување со Србија, која треба да стане близок партнер и сојузник на САД во регионот, под услов да се дистанцира од Русија.

Третиот – активно посредување на Америка во решавањето на регионалните спорови.

Балканските земји се заинтересираа за документот издаден од Вашингтон. „Значењето на новата американска стратегија – во поактивно учество во балканските прашања. А во суштина, ова значи враќање на САД на Балканот по една деценија повремено присуство – притоа регионот беше под контрола на ЕУ, која и самата влезе во криза“, појасни извор на „Комерсант“ во владините кругови на една од балканските земји.

„Тоа ќе биде и одговор на обидите на други нерегионални играчи, првенствено Русија, а исто така и Кина и Турција, да го засилат своето влијание на Полуостровот. Усвојувањето на стратегијата најверојатно ќе ја засили евроатлантската интеграција на регионот”, додаде тој.

Новата стратегија на САД предизвика зголемен интерес во Србија. Претседателот Александар Вучиќ ја опиша стратегијата како „важна тема“. А близок извор до српските власти оцени за „Комерсант“ дека многу од предлозите во проектот се „благонаклони“ кон Белград бидејќи ја признаваат важноста на Србија во регионот и ги задоволува аспирациите на српската влада да има партнерски односи со САД. Српски власти велат дека иако на НАТО како симбол се гледа главно негативно од страна на Србите, и иако граѓаните не сакаат членството на земјата во Алијансата да стои на дневен ред, барем не во блиска иднина, сепак, за проширување на соработката со САД Србите немаат ништо против.

Потенцијалната сфера на реализација на третиот елемент од американската стратегија – посредство во регионалните спорови, како што сметаат изворите на „Комерсант“ од дипломатските кругови на Балканот, е очигледна – тоа е забрзување на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, а исто така и решавање на спорот за името меѓу Грција и Република Македонија.

„Американците би можеле да влијаат врз Приштина со цел да го натераат Косово да ги исполни на постигнатите договори со Белград – првенствено создавањето на Сојузот на српските општини, што ќе го забрза нормализацијата на нивните односи“, изјави еден од своите соговорниците на „Комерсант“.

Намерата на Вашингтон поактивно да се ангажира со „македонското прашање“ се потврдува и од назначувањето нов американски амбасадор во Скопје – заменик-помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји. Тој исто така учествуваше во претставувањето на документот за новата балканска стратегија, при што рече дека Америка одамна е присутна во регионот и има намера да остане таму.