БиХ: Поради мачка, половина Бања Лука остана без струја


Поголемиот дел од Бања Лука денеска останаа без електрична енергија. Причина за прекинот на снабдување со електрична енергија е, според босанските медиуми – мачка.

Мачката влегла во трафостаницата „Бања Лука еден“ во населбата Лазарево, од каде што голем број потрошувачи во главниот град на Република Српска се снабдуваат со електричната енергија, при што предизвикала краток спој, велат од „Електропренос БиХ“.

„По пријавувањето на дефектот, нашите тимови веднаш интервенираа. Работниците на терен  откриле дека мачката влегла во трафостаницата и направил краток скок“, објаснуваат од компанијата.