Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија


Да се намали употребата на пестициди во земјоделството, да се засадат што повеќе медоносни растенија и да се имплементираат ефикасни политики за справување со климатските промени, е пораката од денешната манифестација што се одржа по повод Светскиот ден на пчелата, 20 Мај. Неопходно е, истакнаа учесниците, да се препознае улогата на пчелите во екосистемот, да …

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија Read More »

Претставници на МОН на Светскиот образовен форум во Лондон


Примената на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз образовната трансформација е главна тема на годинешниот Светски образовен форум (19-22 мај) кој традиционално се организира во Лондон, а на кој присуствуваат и претставници на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Делегацијата која ја претставува нашата земја предводена од Шпетим Љатифи, посебен советник во …

Претставници на МОН на Светскиот образовен форум во Лондон Read More »

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв


 Британската Национална здравствена служба (НХС) денеска го објави извештајот по петгодишната истрага во кој се наведува дека лекарите, владата и НХС го прикривале скандалот со заразената крв и свесно ги изложиле жртвите на неприфатливи ризици. Во периодот од 1970 до 1991 година повеќе од 30.000 луѓе биле заразени со хепатитис Це и ХИВ со откако …

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв Read More »

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво


Светските цени на златото повторно се на ново рекордно високо ниво откако денеска на берзата во Њујорк Comex достигнаа цена од 2.449,89 долари за унца. Растот на цената на златото е поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во …

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво Read More »

Поевтинуваат бензините и дизелот


Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 1,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна …

Поевтинуваат бензините и дизелот Read More »

Падна одлука: Асанж има право на жалба


Британскиот суд донесе конечна одлука – основачот на Викиликс, Џулијан Асаж, има право на жалба против екстрадицијата во САД поради протекувањето на голем број тајни американски документи. Двајца судии од Високиот суд во Лондон одлучуваа дали да веруваат во гаранциите на САД дека Асанж нема да се соочи со смртна казна и дека може да …

Падна одлука: Асанж има право на жалба Read More »

Профитот на „Рајанер“ значително се зголеми: „Веројатно нема да ги покачат цените на билетите“


Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair забележа годишен скок на профитот за повеќе од една третина и објави дека поскапувањето на цените се забавува. Ирскиот авиопревозник објави 34 отсто пораст на добивката по оданочување на 1,92 милијарди евра за деловната година до крајот на март, откако бројот на патници се зголеми за девет отсто на 183,7 милиони и …

Профитот на „Рајанер“ значително се зголеми: „Веројатно нема да ги покачат цените на билетите“ Read More »

Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода


Радослав Драгијевиќ (70), татко на Дејан Драгијевиќ (50), кој заедно со неговиот колега Срѓан Јанковиќ (50) е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, двомесечниот притвор во кој беше задржан за кривичното дело помагање на сторителот завршува на 29 мај по стореното кривично дело, а на крајот на мај ќе биде пуштен на …

Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода Read More »

Данела Арсовска од новата влада ќе бара законски измени за зголемување на платите на пожарникарите


За Денот на пожарникарите, 20 мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и нови униформи, речиси исто како и на сите празнувања изминатите години. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на пожарникарите им вети дека ќе побара од новата влада, прво нешто што ќе го смени да бидат прописите …

Данела Арсовска од новата влада ќе бара законски измени за зголемување на платите на пожарникарите Read More »

Владата нема испратено пораки за надомест: Не наседнувајте на лажни пораки


Поголем број граѓани добиле порака во која се бара од нив да внесат чувствителни лични податоци, за да им се префрли надомест од 6.150 денари, кои наводно ги дели владата. Од таму демантираат и предупредуваат граѓаните да не наседнуваат на лажните пораки.    – Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА испратено …

Владата нема испратено пораки за надомест: Не наседнувајте на лажни пораки Read More »

Жена со нож влетала во училиште и убила две лица во Кина


Две лица загинаа, а 10 се ранети во напад со нож во основно училиште во Кина, соопшти полицијата. Засега не се знае дали меѓу жртвите има и деца. Нападот се случил околу пладне по локално време во училиште во градот Гуиси во провинцијата Џиангси, јавува Би-би-си. Полицијата соопшти дека нападот го извршила 45-годишна жена, која употребила …

Жена со нож влетала во училиште и убила две лица во Кина Read More »

Дали е ова најдобрата фудбалска работа во светот? Гледа дуели, освојува трофеи и заработува милиони


Третиот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, на шега велат дека ја има најдобрата работа во светот на фудбалот, но ако се погледне се што му донесе преселбата на Етихад во 2021 година, се чини дека таквата изјава не е далеку од вистината.  Скот Карсон (38) трајно пристигна во Манчестер Сити во 2021 година за …

Дали е ова најдобрата фудбалска работа во светот? Гледа дуели, освојува трофеи и заработува милиони Read More »

Велосипедист прегазен на Средно Водно


36-годишен велосипедист е тешко повреден откако бил прегазен на пат на Средно Водно. – На 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште. Во несреќата …

Велосипедист прегазен на Средно Водно Read More »

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран по смртта на Раиси


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа. Хамнеи претходно изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер е одговорен за извршната власт и оти има рок од 50 дена за одржување претседателски избори. Според Уставот, во случај на …

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран по смртта на Раиси Read More »

Кавадарчанец му се заканувал на градоначалникот


Лишен од слобода е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА.  – Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е …

Кавадарчанец му се заканувал на градоначалникот Read More »

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена


Подгответе ги велосипедите, тротинетите, ролерките и другите еколошки превозни средства бидејќи на 2 јуни (недела) од 11 часот по осми пат ќе се одржи најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната …

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена Read More »

Телескопот „Џејмс Веб“ ја прикажа маглината Орион во неверојатно ново светло


Истражувачите од американската вселенска агенција НАСА објавија нови неверојатни фотографии од маглината Орион направени со телескопот Џејмс Веб. Како што е познато, Џејмс Веб е најмоќниот телескоп во историјата, кој постојано снима нови откритија. Некои од нив се однесуваат и на маглината Орион, односно нејзините сложени детали. Маглината Орион е видлива со голо око на …

Телескопот „Џејмс Веб“ ја прикажа маглината Орион во неверојатно ново светло Read More »

„Кумот“ на вештачката интелигенција ја повика државата да му дава пари на секој граѓанин


Компјутерскиот инженер Џефри Хинтон е „кум“ на вештачката интелигенција кој верува дека владите ќе мора да овозможат универзален основен приход како реакција на нееднаквоста предизвикана од вештачката интелигенција. Во интервју за Би-би-си, тој објасни зошто смета дека властите треба да даваат пари на секој граѓанин. Како причина за ова, тој истакна дека очекува вештачката интелигенција …

„Кумот“ на вештачката интелигенција ја повика државата да му дава пари на секој граѓанин Read More »

Студија: Луѓето наскоро ќе живеат пет години подолго, но со лошо здравје


Очекуваниот човечки животен век ќе се зголеми за речиси пет години до 2050 година, објави весникот „Лансет“. Се предвидува дека вкупниот животен век на човечката раса ќе се зголеми од 73,6 години во 2022 година на околу 78,1 година во 2050 година, што е зголемување за 4,5 години. Кај мажите таа ќе се зголеми од …

Студија: Луѓето наскоро ќе живеат пет години подолго, но со лошо здравје Read More »

Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје


Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Куманово во атар на Агино Село, а две лица се повредени, соопшти денеска МВР. – Вчера околу 15:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на село Агино село, Кумановско, патничко возило „субару импреза“ со …

Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје Read More »