Поевтинуваат бензините и дизелот


Фото: Б. Грданоски

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 1,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27% во однос на одлуката од 16 мај.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601%, кај дизелот 0,751%, кај екстра-лесното масло 1,310% и кај мазутот намалувањето е 2,450%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368%.

Од 21.05.2024 од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин Еуросупер БС-95 – 83,00 (ден/л)
моторен бензин Еуросупер БС-98 – 85,50 (ден/л)
дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 73,00 (ден/л)
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (ден/л)
мазут М-1 НС – 42,629 (ден/кг)
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува 1,50 денар/литар.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,306 денари/килограм и сега ќе изнесува 42,629 денара/килограм.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 21 мај 2024. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.