Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје


Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Куманово во атар на Агино Село, а две лица се повредени, соопшти денеска МВР.

– Вчера околу 15:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на село Агино село, Кумановско, патничко возило „субару импреза“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од шеесет и четиригодишниот И.А. од Куманово, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот Б.Н. од Куманово, а лекар од Итна медицинска помош Куманово констатирал смрт, соопшти МВР.

 

Возачот И.А. и сопатничката Д.Н. се здобиле со телесни повреди констатирани во општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. На сообраќајната несреќа интервенирала и противпожарна единица.