(Видео) Скандал во Киев: Сопругата на Нетанјаху ги фрли лебот и солта


Во Киев, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара ги пречекаа три девојки во традиционална украинска облека со леб и сол. По излегувањето од авионот Нетанјаху откина парче погача, макна сол и го изеде, пишуваат израелските медиуми. Второто парче ѝ го даде на сопругата Сара која го фрли на земја. Бенјамин Нетанјаху допатува …

(Видео) Скандал во Киев: Сопругата на Нетанјаху ги фрли лебот и солта Read More »

„Алкалоид“ инвестира 11 милиони евра во проширување на производните капацитети


Новите производни одделенија ќе се простираат на површина од 7.000 квадратни метри и ќе создадат услови за реализирање на околу 200 нови вработувања. Посветеноста на перманентниот раст и развој, следењето на трендовите и најновите достигнувања во сферата на фармацијата, се главните причини поради кои во изминативе дваесет години „Алкалоид АД Скопје“ се задржа на курсот …

„Алкалоид“ инвестира 11 милиони евра во проширување на производните капацитети Read More »

Градежен работник почина на градилиште во Радишани


Вчера од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(63) од Богданци, кој бил ангажиран за изведување градежни работи на куќа во населбата Радишани. Имено, според пријавеното, околу 8 часот Б.С. при изведување на работи, паднал од висина и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде околу …

Градежен работник почина на градилиште во Радишани Read More »

Лазаров: Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи


Првата македонска ракометна лига од оваа натпреварувачка сезона ќе има уште еден клуб – КЛ7. Сржта на овој нов субјект во македонскиот ракомет е составена од млади играчи чиј тренер е Андон Бошковски. За формирањето и целта на КЛ7, неговиот идеен носител Кирил Лазаров изјави: „Почнуваме нов проект, ракометен клуб во кој предност ќе дадеме …

Лазаров: Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи Read More »

Одбраната во „Титаник 3“ бара изземање на СЈО


Изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и на нејзините ополномоштени обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, денеска побара бранителот на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, адвокатот Еленко Миланов. Судот по барањето треба се произнесе по паузата. Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања …

Одбраната во „Титаник 3“ бара изземање на СЈО Read More »

Судењето за „Титаник“ продолжува на 23 август


Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 23 август, откако денешното рочиште се одложи поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев. Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 …

Судењето за „Титаник“ продолжува на 23 август Read More »

Заврши реконструкцијата на мостот „Гоце Делчев“


Екипи на Град Скопје, во неделата, ги завршија градежните активности за „Реконструкција на дилетации на мост `Гоце Делчев` во двата правци“ и од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено. Комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена од нивниот почеток во јули. За време на градежните активности на …

Заврши реконструкцијата на мостот „Гоце Делчев“ Read More »

Фетаи не го коментира „Рекет“, СЈО продолжува со работа


Пред денешниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство одби да го коментира случајот „Рекет“, што го води Јавното обвинителство за борба против организираниот криминал. – Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам …

Фетаи не го коментира „Рекет“, СЈО продолжува со работа Read More »

Италијанец се удави во Грција, неговата девојка е во болница


Турсит од Италија, кој летувал на грчкиот остров Миконос, се удавил откако се превртел со џет-ски со кој управувал. Несреќата се случила во саботата, а загинало 21-годишно момче од Италија. Тој со девојката бил на изнајмен џет-ски кој од непознати причини се превртел. Двојката паднала во вода, а момчето се удавило во обид да доплива …

Италијанец се удави во Грција, неговата девојка е во болница Read More »

Турција: Уапсени 418 луѓе


Турската полиција уапси 418 луѓе во 29 провинции во рамки на истрагата против осомничени за врски со забранетата Работничка партија на Курдистан. Исто така, поради истрагата во врска со тероризам турските власти сменија прокурдски градоначалници во  Дијарбакир, Ван и Мардин и на нивно место поставија државни гувернери во овие провинции на југоистокот на земјата, соопшти …

Турција: Уапсени 418 луѓе Read More »

Реал Мадрид ја забележа својата прва победа сезонава


Реал Мадрид победи против Селта со 3:1 на гостувањето на „Балаидос“ во првото коло од шпанската Ла Лига. Головите за „кралевите“ ги постигнаа Карим Бензема (12), Тони Крос (61) и резервата Лукас Васкез (80), а во последната минута Лосада постигна почесен погодок. Тимот од Мадрид играше повеќе од половина час со човек помалку откако Лука …

Реал Мадрид ја забележа својата прва победа сезонава Read More »

Русите бараат чесни избори


Неколку десетици приврзаници на руската опозиција „осамени“ протестираа во рамки на движењето за оспорување на изборите кое веќе еден месец трае во Москва. Од средината на јули, кога почна движењето против исклучувањето на кандидатите за локалните избори, полицијата жестоко одговори на протестите и уапсени се речиси 3.000 луѓе, меѓу кои и лидерот на опозицијата Алексеј …

Русите бараат чесни избори Read More »

Салвини се согласи малолетните мигранти да ги пушти во земјата


  Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини потклекна под притисокот да го олесни политичкиот судир околу бродот за спасување со 134 мигранти. Тој рече дека ќе им дозволи на малолетните мигранти да се симнат од бродот откако две недели поминаа на море. Премиерот Џузепе Конте напиша второ писмо до Салвини барајќи од него на …

Салвини се согласи малолетните мигранти да ги пушти во земјата Read More »

Израел изврши воздушен напад врз Појасот Газа


Израелски борбени авиони утрово извеле два воздушни напади врз Појасот Газа , откако беа лансирани ракети од палестинска територија. Од израелската војска наведуваат дека цел на нападот биле две структури кои припаѓаат на палестинската група Хамас. -Нападот е изведен како одговор на ракетите кои беа лансирани од Газа, велат од израелската војска. За сега нема …

Израел изврши воздушен напад врз Појасот Газа Read More »

Пациентот со западнонилска треска и натаму во тешка состојба


Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Ова е прв случај на западнонилска треска летово во државава, …

Пациентот со западнонилска треска и натаму во тешка состојба Read More »

Ливерпул запиша победа и го израмни нивниот рекорд


Ливерпул оствари тешка победа од 2:1 на гостувањето кај Саутемптон на „Сент Мери“ и екипата по првите две кола има целосна предност од шест бода. Садио Мане му донесе предност на тимот од „Мерсисајд“ со феноменален гол во самиот финиш на првото полувреме, а Фирмино го удвои резултатот во 71. минута. Почесниот гол за домаќините …

Ливерпул запиша победа и го израмни нивниот рекорд Read More »

Јункер итно на операција


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекина одморот и ќе биде итно опериран, соопшти Европската комисија. Тој мораше да го прекине одморот во Австрија поради медицински причини, стои во пишаното соопштение од ЕК. Јункер е префрлен во Луксембург каде итно ќе биде опериран за отстранување на жолчното ќесе, наведуваат од Брисел. Некогашниот премиер …

Јункер итно на операција Read More »

Германија бара стручњаци: „Според новиот закон, граѓаните од Западен Балкан се привилегирани“


  Штефан Мајер, секретар на Министерството за внатрешни работи на Германија, за „Дојче веле“ зборуваше за новиот закон и како да се постапува кога ќе стапи на сила, а се уште ќе важи и правилото за Западен Балкан. „Во центарот на законот за вселување на стручна работна сила се стручњаците, односно квалификувани работници од земјите …

Германија бара стручњаци: „Според новиот закон, граѓаните од Западен Балкан се привилегирани“ Read More »

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Хонгконг


Судири меѓу демонстрантите и полицијата избија денеска во Хонгконг, кога полициски групи опремени со штитови и гумени палки започнаа операција за растерување на насобраниот народ во континенталниот дел на енклавата, објавија локалните медиуми. Секоја сабота се одржуваат редовни антивладини протести во различни делови на Хонгконг. Во некои квартови собирите не се дозволени и полицијата се …

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Хонгконг Read More »

МОН: Од следниот месец зголемување на платите на наставниците и професорите


Минатата година платите на вработените во образованието од септември беа зголемени за пет отсто, додека следната фаза, односно следното покачување е предвидено веќе од следниот месец, со опфат на вработените во основното, средното и високото образование, соопшти Министерството за образование и наука во врска со прес-конференцијата на Независниот синдикат за образование и наука. Како што …

МОН: Од следниот месец зголемување на платите на наставниците и професорите Read More »