Заврши реконструкцијата на мостот „Гоце Делчев“



Екипи на Град Скопје, во неделата, ги завршија градежните активности за „Реконструкција на дилетации на мост `Гоце Делчев` во двата правци“ и од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено.
Комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена од нивниот почеток во јули. За време на градежните активности на овој потег беше воспоставен привремен сообраќаен режим.
Со овој тип на реконструкција на дилатационите спојки на мостот, градежен зафат кој не беше изведен на мостот во изминатите 13 години, значително се зголемува безбедноста на мостот, соопштија од Град Скопје.