Јункер итно на операција


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекина одморот и ќе биде итно опериран, соопшти Европската комисија.

Тој мораше да го прекине одморот во Австрија поради медицински причини, стои во пишаното соопштение од ЕК.

Јункер е префрлен во Луксембург каде итно ќе биде опериран за отстранување на жолчното ќесе, наведуваат од Брисел.

Некогашниот премиер на Луксембург Жан Клод Јункер на чело на ЕК се наоѓа од 2014 година, а мандатот му истекува во октомври.