Италијанец се удави во Грција, неговата девојка е во болница


Турсит од Италија, кој летувал на грчкиот остров Миконос, се удавил откако се превртел со џет-ски со кој управувал.

Несреќата се случила во саботата, а загинало 21-годишно момче од Италија.

Тој со девојката бил на изнајмен џет-ски кој од непознати причини се превртел.

Двојката паднала во вода, а момчето се удавило во обид да доплива до брегот.

Како што наведува грчката агенција АНА, девојката е задржана во болница поради преживеан стрес.