Турција: Уапсени 418 луѓе

Турската полиција уапси 418 луѓе во 29 провинции во рамки на истрагата против осомничени за врски со забранетата Работничка партија на Курдистан.
Исто така, поради истрагата во врска со тероризам турските власти сменија прокурдски градоначалници во  Дијарбакир, Ван и Мардин и на нивно место поставија државни гувернери во овие провинции на југоистокот на земјата, соопшти порано турското министерство за внатрешни работи.
Овие три градоначалници се обвинети за разни кривични дела вклучувајќи и членство во терористичка организација и ширење терористичка пропаганда, наведе министерството за внатрешни работи, пренесе Ројтерс.

Заради сомнеж дека се поврзани со забранетата Работничка партија на Курдистан ПКК, турските власти во 2016 година сменија десетина градоначалници во југоисточниот дел од земјата населен претежно со Курди и ги заменија со државни службеници.