Русите бараат чесни избори

Неколку десетици приврзаници на руската опозиција „осамени“ протестираа во рамки на движењето за оспорување на изборите кое веќе еден месец трае во Москва.

Од средината на јули, кога почна движењето против исклучувањето на кандидатите за локалните избори, полицијата жестоко одговори на протестите и уапсени се речиси 3.000 луѓе, меѓу кои и лидерот на опозицијата Алексеј Навални.

Минатата недела во московската Сахаровљева авенија се собраа повеќе од 50.000 луѓе, што е најголем број од протестите против враќањето на Владимир Путин на чело на државата 2012 година.

Бидејќи денеска не добиле дозвола за собир, неколку десетици приврзаници на опозицијата се одлучија да протестираат „осамени“, стоејчи на дождот со протестни пораки пред повеќе споменици во Москва.

Таа тактика опозиционерите ја користеа и порано, почитувајќи го условот демонстрантите да се наоѓаат на 50 метри оддалечени едни од други.