(Видео) Скандал во Киев: Сопругата на Нетанјаху ги фрли лебот и солта


Во Киев, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара ги пречекаа три девојки во традиционална украинска облека со леб и сол.
По излегувањето од авионот Нетанјаху откина парче погача, макна сол и го изеде, пишуваат израелските медиуми. Второто парче ѝ го даде на сопругата Сара која го фрли на земја.
Бенјамин Нетанјаху допатува со сопругата во тридневна посета на Киев, пренесува „Спутник“.