Естонија: Направи сообраќајка, па со пиштол уби двајца и рани тројца


  Маж кој учествувал во судар на југозападот на Естонија, почна да пука при што уби двајца, а рани тројца, меѓу кои и две деца, соопшти полицијата. Маж на 32-годишна возраст уапсен е утрово по широка полициска акција во близина на градот Лихул, што е во близина на местото на несреќата, пренесе АП. Според полицијата, …

Естонија: Направи сообраќајка, па со пиштол уби двајца и рани тројца Read More »

Во Велика Британија за првпат помалку од 100 починати за еден ден


Велика Британија денеска има помалку од 100 нови смртни случаи од корона вирусот за еден ден, првпат од затворањето на земјата. Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека починале 77 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 40.542. Денешната бројка е најниска од 23 март – …

Во Велика Британија за првпат помалку од 100 починати за еден ден Read More »

Колин Пауел најави поддршка за Бајден, а не за Трамп


Поранешниот државен секретар и поранешен началник на Генералштабот на САД Колин Пауел денеска изјави дека ќе гласа за демократскиот кандидат Џо Бајден, со што стана првиот истакнат републиканец кој јавно го поддржа ривалот на претседател Доналд Трамп на претседателските избори во ноември. – Имаме Устав. И ние мора да го следиме тој Устав. А претседателот …

Колин Пауел најави поддршка за Бајден, а не за Трамп Read More »

Трамп ѝ нареди на Националната гарда да се повлече од Вашингтон оти „се е под контрола“


  Американскиот претстедател Доналд Трамп најави повлекување на Националната гарда од Вашингтон бидејќи ситуацијата е „под совршена контрола“, но предупреди дека трупите може да бидат пренасочени ако немирите продолжат. „Штотуку наредив нашата Национална гарда да почне постапка за повлекување од Вашингтон, сега кога се е под совршена контрола“, твитна претседателот Трамп. ДОдаде дека трупите сега …

Трамп ѝ нареди на Националната гарда да се повлече од Вашингтон оти „се е под контрола“ Read More »

Во Кина после две недели регистриран првиот „домашен“ случај на корона вирус


Кина после две недели го пријави првиот случај на зараза кој не дошол од странство, а заразеното лице е од островот Хаинан. Националната здравствена комисија соопшти дека имало само пет увезени случаи во изминатите 24 часа. Во Кина се заразени вкупно 83.036 лица. Кинеските власти тврдат дека го запреле ширењето на вирусот Ковид-19 на нивна …

Во Кина после две недели регистриран првиот „домашен“ случај на корона вирус Read More »

Повеќе од 100.000 заразени со корона вирусот во Саудиска Арабија


Бројот на заразени со корона вирусот во Саудиска Арабија надмина 100.000 откако бројот на новозаразени за еден ден за првпат е поголем од 3.000, објави саудиското Министерство за здравство. Во земјата со 30 милиони жители, заразени се вкупно 101.914 лица. Бројот на смртни случаи досега изнесува 712.

Како бројот на оздравени во Србија за еден ден се зголеми за 4.000?


Бројот на излечени пациенти во Србија од Ковид-19 за само еден ден порасна за нешто повеќе од 4.000, што предизвика многу недоумици. Заменик-директорката на институтот „Батут“ Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ вели дека нема непрофесионални или немедицински причини за тоа. Таа вели дека во петокот Кризниот штаб донел одлука кај асимптоматските случаи да биде потребен само еден ПЦР …

Како бројот на оздравени во Србија за еден ден се зголеми за 4.000? Read More »

Денеска во Србија има 82 нови случаи од Ковид-19, почина едно лице


Во последните 24 часа во Србија забележани се 82 нови случаи од корона вирус, а тестирани беа 3.317. Почина еден пациент, а од почетокор на епидемијата во Србија до сега починале 249 пациенти. Во моментот на респиратори се 15 пациенти, пренесе Б92.

Девет позитивни на Ковид-19 по скринингот во градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани


По скрининг тестирањето во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани утврдено е дека девет вработени во јавната општинска установа се позитивни на корона вирусот. Специфично за добиените резултати е што сите заразени лица воопшто не покажувале симптоми на Ковид-19, поради што градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев апелираше граѓаните да ги почитуваат законските мерки за заштита. …

Девет позитивни на Ковид-19 по скринингот во градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани Read More »

Велика Британија од 15 јуни ги отвора верските објекти и продавниците во моловите


Верските објекти во Велика Британија ќе ги отворат своите врати за верниците на 15 јуни, како дел од олеснетите  рестриктивни мерки што беа воведени за борба против коронавирусот, но со некои ограничувања на досега познатата пракса. За истиот датум е најавено и отворањето на некои продавници, како што се тие во трговските центри. Во верските …

Велика Британија од 15 јуни ги отвора верските објекти и продавниците во моловите Read More »

(Видео) Гром го раскина најголемото американско знаме


Удар од гром го раскина на половина најголемото знаме на САД во светот. Тоа се наоѓа во државата Висконсин. Корисниците на социјалните мрежи фобјавија фотографија на која се гледа како знамето е искинато на половина. https://twitter.com/OregonProgress/status/1268229925560967168 Како што објави порталот Heavy, многумина во ова гледаат симболика на поделбата на државата со оглед на протестите кои …

(Видео) Гром го раскина најголемото американско знаме Read More »

Косово ја отвора границата со Албанија, нема самоизолацијата за лицата кои влегуваат во земјата


 Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за олеснување на мерките за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои и за целосно отворање на границата со Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина. Министерот за здравство Арменд Земај изјави дека од утре, понеделник, се укинува мерката на самоизолација, како и дека ќе се овозможи …

Косово ја отвора границата со Албанија, нема самоизолацијата за лицата кои влегуваат во земјата Read More »

Во Франција има 150 познати кластери на епидемијата на коронавирусот


Француските власти тврдат дека епидемијата на корона вирусот е под контрола. Од 2 јуни земјата почна со широки мерки за излегување од строгата изолација, но, сепак, има регистрирани 150 кластери и оваа бројка се зголемува, што зборува дека вирусот и натаму циркулира меѓу населението, јави дописникот на МИА. Од крајот на изолацијата, епидемиолошките жаришта се …

Во Франција има 150 познати кластери на епидемијата на коронавирусот Read More »

Истражување: Општините немаат доволно капацитети за ефикасна инспекциска служба


Општините во државава немаат доволно капацитети (човечки, финансиски, техничко-технолошки) за да организираат ефикасна инспекциска служба на локално ниво, покажа истражувањето за клучните проблеми и предизвици со кои се соочуваат инспекциските служби во надлежност на општините, што го спроведе невладината организација „Инфоцентар“ во рамки на проектот „Граѓански мониторинг врз инспекциските служби на локално ниво“, поддржан од …

Истражување: Општините немаат доволно капацитети за ефикасна инспекциска служба Read More »

„Бош“ разви систем кој сам повикува брза помош по несреќата


Германската компанија „Бош“ разви нов систем наречен Help Connect кој автоматски повикува брза помош ако детектира дека дошло до несреќа. Системот Help Connect наменет е за мотоциклистите и осмислен за тие да добијат помош побрзо, за да им се спаси животот ако има потреба. Податоците покажуваат дека бројот на смртни случаи кај мотоциклистите е 20 …

„Бош“ разви систем кој сам повикува брза помош по несреќата Read More »

Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско


Епдимеиолозите открија три нови случаи на инфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион. Последните тестирања дадоа по еден позитивен резултат во трите општини. До денеска вкупно активни се 29 случаи. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, вчера епдемилошките служби тестирале 16 лица. Во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 12, а …

Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско Read More »

Од заседа убиен полицаец, двајца ранети


Заменик-шериф е застрелан, а двајца полицајци се ранети, во заседа при потрага по осомничен во Бен Ломондо во Калифорнија, соопштија надлежните. Во заседа во која е употребено огнено оружје и експлозиви, заменик-шериф загина, а двајца полицајци се ранети, од кои едниот е погоден во шаката, потврди шерифот Џим Харт, пренесе Асошиејтед прес. При апсењето застрелан …

Од заседа убиен полицаец, двајца ранети Read More »

Лекувањето на пациент со Ковид-19 во Кина чини меѓу 3.200 и 140.000 долари


Кинеската Влада трошела во просек околу 23.000 јуани (околу 3.200 американски долари) за лекување на пациент од корона вирус со пневмонија, се наведува во „Белата книга“ што денеска ја објави кинескиот Државен совет под наслов „Борба против Ковид-19: Кинеска акција“. „ До 31 мај медицинските сметки за 58.000 пациенти со потврдена дијагноза се покриени од …

Лекувањето на пациент со Ковид-19 во Кина чини меѓу 3.200 и 140.000 долари Read More »

Дури 22 угостители во туристички места примале гости, иако не е дозволено


Кривични пријави за вкупно 22 угостители во туристичките места, не ги почитувале протоколите и примале гости Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денес во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ …

Дури 22 угостители во туристички места примале гости, иако не е дозволено Read More »

Од гром изгореа штала и животните во неа


На 06.06.2020 околу 15,30 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Стрчин“ удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.