Трамп ѝ нареди на Националната гарда да се повлече од Вашингтон оти „се е под контрола“


 

Американскиот претстедател Доналд Трамп најави повлекување на Националната гарда од Вашингтон бидејќи ситуацијата е „под совршена контрола“, но предупреди дека трупите може да бидат пренасочени ако немирите продолжат.

„Штотуку наредив нашата Национална гарда да почне постапка за повлекување од Вашингтон, сега кога се е под совршена контрола“, твитна претседателот Трамп.

ДОдаде дека трупите сега ќе се вратат таму каде што се стационирани, но дека „брзо може да се варатат ако биде потребно“.

Околу 3.600 војници на Националната гарда распоредени се во Вашингтон поради демонстрациите организирани по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Нередите беа во близина на Белата куќа. заради што резиденцијата беше накратко затворена.