Како бројот на оздравени во Србија за еден ден се зголеми за 4.000?


Бројот на излечени пациенти во Србија од Ковид-19 за само еден ден порасна за нешто повеќе од 4.000, што предизвика многу недоумици.

Заменик-директорката на институтот „Батут“ Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ вели дека нема непрофесионални или немедицински причини за тоа. Таа вели дека во петокот Кризниот штаб донел одлука кај асимптоматските случаи да биде потребен само еден ПЦР тест за пациентот да се прогласи за здрав, место досегашните два

На порталот Covid19. во петокот имаше објавено дека бројот на излечени е 6.931, додека ден подоцна тој број изнесуваше 11.056.

Според Кисиќ, одлучено е пациентите кои во текот на хоспитализацијата имаат повлекување на сите симптоми во траење од седум дена и еден ПЦР тест негативен, се праќаат на куќна изолација од две недели, по што повторно се прави ПЦР тест, кој ако е негативен, тие се означуваат како здрави.

Претходно, статусот на оздравен пациент се добиваше и по два месеци, имајќи предвид дека престојот во болница трае од две до три недели, плус времето потребно за резултати од ПЦР тест и времето на куќна изолација од 14 дена.

Според новите критериуми, статус на оздравен пациент може да се добие по 14 дена, ако лицето е без симптоми.