Естонија: Направи сообраќајка, па со пиштол уби двајца и рани тројца


WASHINGTON, DC - MAY 27: Distinguished American leader General Colin L. Powell, USA (Ret.) speaks during the 2018 National Memorial Day Concert at U.S. Capitol, West Lawn on May 27, 2018 in Washington, DC. (Photo by Paul Morigi/Getty Images for Capital Concerts)

 

Маж кој учествувал во судар на југозападот на Естонија, почна да пука при што уби двајца, а рани тројца, меѓу кои и две деца, соопшти полицијата.

Маж на 32-годишна возраст уапсен е утрово по широка полициска акција во близина на градот Лихул, што е во близина на местото на несреќата, пренесе АП.

Според полицијата, осомничениот возел автомобил со кој се судрил во уште две возила, па потоа мотоциклист што го видел почнал да го брка по автопатот. Тој пукал кон него, по што мотициклистот починал.

Осомничениот пукал и во автомобил во кој имало жена, маж и две деца на возраст од 3 и 5 години.

Жената на возраст од околу 50 години починала од раните, а децата се тешко повредени. Од полицијата наведуваат дека децата се во болница и се во стабилна состојба, додека мажот е полесно ранет.

„Колку што знаме, повредените не го познавале напаѓачот. Само биле на погрешно место во погрешно време“, вели портпаролот на полицијата.

Естонските медиуми наведуваат дека осомничениот, кој имал викендичка во регионот, имал врска со паравоената Естонска лига за одбрана, немал кривично досие, а имал четири регистрирани пиштоли.

Мажот работел како медицински техничар и наставник во здравствениот сектор.

Прелиминарната полициска истрага покажала дека осомничениот бил под дејство на алкохол за време на пукањето, а мотивот за неговите постапки и понатаму остануваат нејасни.