Од заседа убиен полицаец, двајца ранети


Заменик-шериф е застрелан, а двајца полицајци се ранети, во заседа при потрага по осомничен во Бен Ломондо во Калифорнија, соопштија надлежните.

Во заседа во која е употребено огнено оружје и експлозиви, заменик-шериф загина, а двајца полицајци се ранети, од кои едниот е погоден во шаката, потврди шерифот Џим Харт, пренесе Асошиејтед прес.

При апсењето застрелан е и осомничениот Стивен Кариљо (38) кој е сместен во болница.

Повредите на Кариљо не се сериозни и неговата состојба е стабилна.

Заменик-шерифот и полицајците одговориле на повикот за сомнително комбе.

Лицето кое повикало полиција тврди дека во комбето имало оружје и експлозиви.

Кога полицајците стигнале на местото, комбето заминувало, а полицијата ги следела.

Комбето стигнало до куќата на Криљо во која ги чекала заседа откако излегле од возилото, кога зсменик-шерифот е застрелан, а другите двајца полицајци се повредени.

При апсењето ранет е и Кариљо, на кој ќе му се суди за убиството од прв степен.

Истрагата е во тек, а ја водат локалната полиција и ФБИ.