Повеќе од 100.000 заразени со корона вирусот во Саудиска Арабија


Бројот на заразени со корона вирусот во Саудиска Арабија надмина 100.000 откако бројот на новозаразени за еден ден за првпат е поголем од 3.000, објави саудиското Министерство за здравство.

Во земјата со 30 милиони жители, заразени се вкупно 101.914 лица.

Бројот на смртни случаи досега изнесува 712.