„Бош“ разви систем кој сам повикува брза помош по несреќата


Илустрација

Германската компанија „Бош“ разви нов систем наречен Help Connect кој автоматски повикува брза помош ако детектира дека дошло до несреќа.

Системот Help Connect наменет е за мотоциклистите и осмислен за тие да добијат помош побрзо, за да им се спаси животот ако има потреба.

Податоците покажуваат дека бројот на смртни случаи кај мотоциклистите е 20 пати поголем во однос на возачите на автомобили.

Системот Help Connect се потпира на сензор кој е дел од контролата на стабилност на моторот, а кој мери забрзување и аголна брзина стотина пати во една секунда. Системот на тој начин собира информации за позицијата на мотоциклот и неговата наваленост.

Алгоритамот за судар е интегриран во сензорот и благодарение на тоа открива дали дошло до судар или пад и во случај на сообраќајна незгода се открива локацијата и информациите за возачот се праќаат во „Бош“ во сервисниот центар, додека кај тешките несреќи повикот се упатува до итната помош.

Help Connect првобитно ќе биде достапен во Германија, а подоцна и пошироко, јавува Engadget.