Во Велика Британија за првпат помалку од 100 починати за еден ден


Велика Британија денеска има помалку од 100 нови смртни случаи од корона вирусот за еден ден, првпат од затворањето на земјата.

Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека починале 77 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 40.542.

Денешната бројка е најниска од 23 март – кога беа регистрирани 74 смртни случаи.