Пехчево доби свои регистарски таблички
Возачите од Пехчево добија сопствени регистарски таблички. Сите новорегистрирани автомобили, наместо досегашната ознака „БЕ“ отсега ќе имаат сопствената ознака „ПЕ“ испишана на латиница (PE). Градоначалникот Драган Тренчовски изјави дека му е чест и задоволство што со граѓаните ја споделува информацијата дека е целосно завршена процедурата за добивање сопствени регистарски таблички на Општина Пехчево. -Одлуката е …