Во Грција само двајца новозаразени, нема починати

Министерството за здравство на Грција објави дека има само два нови потврдени случаи на корона вирус, со што вкупниот број достигна до 2.917.

Од тој број, 636 се поврзани со патување во странство, а 1.696 со веќе познати случаи во Грција, пренесе АНА.

Вкупно 13 Грци се интубирани на интензивна нега, од кои четири жени. НИвната средна возраст е 70 години, а 84,6 отсто имаат коморбидитети или се постари од 70 години. Уште 106 лица се отпуштени од интензивна нега од почетокот на епидемијата во Грција.

Стапката на смртност остана стабилна, без нови смртни случаи, а вкупно до сега починаа 175 луѓе. Од нив 52 беа жени. Средната возраст на починатите е 76 години, додека 95,4 отсто имаа други заболувања или беа постари од 70 години.

Грција до сега направи 180.518 клинички тестови на оваа болест.