Ерменскиот премиер заразен од корона вирус

Ерменскиот премиер Никол Пашинин денеска соопшти дека се тестирал и е позитивен на корона вирусот. Веста тој ја соопшти зборувајќи во живо на Фејсбук.

-Немав никакви симптоми, решив да направам тест, бидејќи планирав да ја посетам линијата на фронтот, кажа Пашинин, додавајќи дека целото негово семејство е заразено, јавија британските медиуми.

Ерменија, во која живеат три милиони жители, досега регистрираше 9.402 позитивни случаи на корона вирус и 139 смртни случаи на Ковид-19.